JАНКО ТОМОВ ЗА КНИГАТА “ПАТНИК ПО ЅВЕЗДЕНОТО МАКЕДОНСКО НЕБО"

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА НА ГОРДАНА ДИМОВСКА
ПАТНИК ПО ЅВЕЗДЕНОТО МАКЕДОНСКО НЕБО
Промоција на книгата одржана на 27 Мај 2017 - Mill Park Library
ЗА ПРОМОТОРОТ
Јанко Томов е познат неуморен активист кој со децении работи и твори во Австралија. Со своите книги остава траен белег во македонската литература но уште позначајно е тоа што ни дава неисцрпни податоци за македонските движења, македонската национална самобитност, македонската дијаспора во Австралија која би останала куса без неговите вредни статии, научно историски записи. Остава безброј дела и податоци кои осветлуваат голем број настани во Македонската заедница во Австралија, дела кои ќе претставуваат патоказ и основа за младите генерации да творат и да се борат за македонската вистина.

 Јанко е основач на многу организации во Австралија, тој е основач и прв претседател на огранокот (задграничниот Комитет) на ВМРО-ДПМНЕ за Перт, Западна Австралија.
Бил и активен член на Извршниот одбор на органзацијата за Македонски Човекови Права (МЧП) за Западна Австралија. Јанко Томов  бил и еден од уредниците на “Македонски патриотски билтен”, кој излегува во 1989-90 година.
Душан Ристевски, претседателот на  Литературното Друштво “Григор Прличев” од Сиднеј, во својата промоција на книгата на Иван Трпоски “ Македонија не те забораваме, јавно оддаде благодарност за Јанко Томов, како еден истакнат истражувач-хроничар на аспекти од политичкиот живот на Македонците од Австралија кој дава повеќе текстови и гледишта за политичките/идеолошките раздвижувања во македонската заедница во Австралија…”
 Јанко Томов, е еден од организаторите на Австралиската Конференција за Македонски Човекови Права, што се одржа во Перт 1989 година во рамките на Австралиската конференција на македонските општини;
- Активен учесник на првиот (неофицијален) Македонски Светски Конгрес за Македонски Човекови Права, што се одржа во Аделаид, Австралија, во Март 1990 година;
- Еден од главните организатори за формирање Координативен Одбор на македонските организации (општини и клубови) во Западна Австралија во 1985-1986 година. Неговите објавени книги можете да ги видите на оваа изложба денес.
ПАТНИК ПО ЅВЕЗДЕНОТО НЕБО - Оваа книга на авторката Гордана Димовска е продолжетокот на нејзините предходни драгоцени  дела, во кои го става скоро целосно својот интелект, опишувајќи го животот со недостиг на природни македонски својства, живеејќи во наметната средина од актуелните случки и настани и од политичките влијанија од системите на животот. Тие влијанија подрастично се  настанати, после Втората светска војна, во Македонија. Сето тоа е необично, за сваќањето на просечниот Македонец, но затоа Гордана, преку својата стручност и со навлегување во научни  ангажирања, во изнаоѓање на елементи и факти, успева да ја докажува македонската вистинска историја. Во тие историски факти  спаѓаат  современата, поврзано и со средновековната, а  во основа и со античката историја на Македонците и на Македонија. Тие свои позначајни примери, на литературни факти, се од национални, културни и традиционални својства.
Во воведот на книгава, меѓу другото, Димовска, како автор-писател на современи литературни дела, ги потенцира нејзините заложби за изразување на своите естетски, филозофски и идеолошки литертурни мисли. Притоа најважно е тоа што потенцира поедини значајни, вековни македонски национални падови и возвишувања, поврзувајќи ги современите политички потреби за просперитет и пред се за национално Македонско единство, во Република Македонија, во македонската дијаспора. Гордана ќе рече:
“ Драги читатели, нека ова патување низ времето ве одведе до многу возбудливи неоткриени места, настани, сведоштва, откритија, незаборавен спомен за големото културно, историско богатство, што го поседува  една земја – Македонија”.
Рецензентот на книгата на авторката Гордана Димовска, “Патник по звезденото Македонско небо”, Ванѓелко Лозаноски, меѓу останатото литературно и книжевно оценување  на ова дело, ќе рече:
“Со оваа нејзина најнова книга,”Патник по звезденото македонско небо”, македонската современа проза  и поезија, се здобива со нова везба на родољубиви, социјални, мисловни и љубовни песни и раскази, кои ја огреваат душата уште при прегледот на содржината и разноцветните теми и мотиви, кои се испреплетуваат и треперат како звездите на небото и спомените , поврзани со денот” Книгата на Гордана содржи посебни теми и поделена е на :
Раскази, поезија за возрасни и деца, научно историски записи кои се проследени преку сведоштва, вистина и борба, и последниот дел се Легенди..
Во делот РАСКАЗИ, како што се:  Старото училиште, Две солзи, Завет за Македонија, Калина, кои се преведени и на Англиски јазик, се осетува желбата по родниот крај, што преставува класична носталгија, која скоро сите ние, на извесен начин,  ја чувствуваме. Покрај расказите за деца, во кој спаѓа и Подарок, кој е добитник на првата награда на литературниот  конкурс: “Прличева награда” на Литературното груштво “Григор Прличев” од Сиднеј, Австралија.
 Во делот ПОЕЗИЈА, кој содржи околу 16 наслови, Гордана ги истакнува  чувствата од национален карактер, Македонскиот литературен јазик, грижата за своите родители кои ги оставивме во родната Македонија, опис на македонските природни богатства, за македонските херои, за македонската татковина и сл., авторката на оваа книга со својата душа навлегува во секоја поетичност. Преку поетското чезнеење, за сеќавањата од животот во родна Македонија, Гордана ви ги прикажува, ако и вие ги читате, ќе почнете да ги чуствувате, како да се ваши!
Преку ПЕСНИ ЗА ДЕЦА, со Македонските букви, Македонското сонце, за милата Македонија…Гордана, ги става основите на младите македонски генерации во диjаспората, да добијат осознавања за јазикот на своите претци и родители поврзани со родна Македонија.
Преку НАУЧНО ИСТОРИСКИТЕ ЗАПИСИ, Гордана со висок патриотски стил , можеби некои од нив, за прв пат научно се појавуваат во јавноста, поврзани со факти кои ги глорифицира-возвишуваа лидерите и комитите, кои беа организирани за борби против Отоманската-турска власт, од ВМРО, за време на Илинденското востание на Македонија, во 1903 година. Дел од овие материјали се објавени во Радио Илинден Мелбурн.
Во еден од насловите Завет од нашите претци знамињата како национални обележја, Гордана ќе рече:
“Дури и првото знаме во светот наречено вексилоид имало значење  на “Водач””. Гордана го спомнува, а јас би додал дека античкото Македонско знаме: Шеснаест зрачно сонце, се среќава во почетокот на античкото македонско царство на  Македон, еден од дванаесетте деца на Богот ЗЕВС.
Во врска со античкото суверено-државно знаме на македонците- Шеснаесто зрачно сонце, кое престана званично да се користи во Република Македонија, во 1993 година, Гордана го дели својот став со најпознатите Македонски историчари, кои ги открија сите вистини за македонските антички знаменитости и симболи, во делата на современата Македонска историографија. Таквата широковидност на Гордана Димовска, од дијаспората-Австралија, ја става во првите и ретките автори на литературни дела, како корисници и промотори  на античката историска вистина.
Секоја нова иницијатива за јавно промовирање на античката Македонска историска вистина, за која сме длабоко и стручно-научно ангажирани, со лични средства и со извесна материјални помош од видни патриоти од дијаспората, но не и од владата, институциите и опозицијата на Република Македонија, ја поздравуваме.
Оваа книга на Гордана,  ќе ни помогне нам, а и на младите идни македонски генерации во дијаспората, оддалечени временски, од родната Македонија, со поблиско, посплотено и пореално пријателско дружење и запознавање со своите македонски драгоцени крактеристики и слични недостатоци, кои ги имаат нашите сонародници  во републиката, а нам ни недостигаат.
Гордана, опишувајќи го македонскиот драгоцен јазик вели:  “Тој ни е оставен како вредно културно наследство од нашите претци. Затоа наша цел е и понатаму да го чуваме, а уште поважно е ако ја осознаваат целта сите македонски генерации, како во Република Македонија, така во македонската емиграција во светот, неговата јазична историска вредност, како лидер со праисториски и антички вредности
Почитувани, Ваше е самите да ги доловите интересните стилско обработени и донекаде необични случки и настани во оваа драгоцена книга на Гордана Димовска.
 Јанко Томов
Рецензија: Ванѓелко Лозаноски
Презентер: Христијана Марковска
 Macedonian timeline

Comments