ПРОМОЦИЈА НА ПАТНИК ПО ЅВЕЗДЕНОТО НЕБО ВО МАКЕДОНИЈА


"Свети Васарион"од Демир Хисар во соработка со ОУ "Живко Чинго" од Велгошти- Охрид во конаците на манастирот"Света Петка" на 8 јули,организираше промоции и поетски средби и читање. Се промовираше книгата "Патник по ѕвезденото македонско небо" од Гордана Димовска од Мелбурн-Австралија. Поздравното писмо од Гордана Димовска го прочита Соња Змејковска која беше и промотор на книгата. Професор Ванѓелко Лозановски го истакна значењето на пишаниот збор на Гордана Димовска, потсетувајќи не' на нејзината прва книга "Вечна светлина над Македонија" издадена од "Свети Висарион". Се промовираше и книгата "Магични кругови на душата" од Ѓоко Чинговски.Ученициод ОУ Живко Чинго" од Велгошти читаа од неговите стихови. Професор Ванѓелко Лозановски беше промотор на книгата "Копнежи сред соѕвездието"од Љубица Чифлигароска( Петреска ).Исто така учениците читаа извадоци од нејзината книга.

Имаше и Литературно читање на кое се преставија дел о присутните Живко Деспотовски,
Љубица Поповска и други.
Љубица Поповска
Искрени честитки за организирањето на оваа промоција на членовите на Св. Висарион а посебно на професорот Ванѓелко Лозаноски кој секогаш со голема почит гледа на авторските дела создадени во дијаспората и несебично се залага да ги презентира и пред македонската јавност. Тоа е јасен показател за неговата визија за градење мостови на соработка со сите писатели од македонско потекло во светот, затоа што тоа е еден вид на заедничка успешна борба во зачувањето на македонскиот јазик и откривање  на македонската вистина. За него се вели дека е голем Македонец, родољуб, кој целиот свој живот го посвети во создавање на дела за татковината. Ја афирмира Македонија нежно, ненаметливо, но многу силно и достојно. Деец со голема почит кон младите автори, со срце колку Универзумот. - Macedonian timeline


Во прилог проздравното писмо од Гордана Димовска:
Почитуван Ванѓелко, почитувани присутни, ми претставува посебна чест што мојата книга “Патник по ѕвезденото македонско небо“ се промовира токму под македонско небо, токму во земјата за која пишувам, земјата која е моја неисцрпна инспирација и мотив во моите литературни дела.
Јазикот и писмото се огледало на човековата душа, светлина која сее знаење и мудрост, чувство на припадност кон еден народ. Македонскиот јазик е најавтентична лична карта на секој Македонец без разлика каде избрал да живее на оваа земјина полутопка. Во минатото, пишуваните дела не можеа да видат бел ден заради окупациите и наметнувањето на туѓи јазици. Денес, каде и да сме во светот, го носиме тој белег на себе, МАКЕДОНЕЦ, и самото име зрачи како силно сонце и ја осветлува нашата историја која некој сака да ја засени.  Секој напишан збор на свој мајчин јазик има посебна моќ, битно влијае врз општествената свест и го соединува националното битие во најубавото значење на тој збор. Колку повеќе трагам по минатото на Македонија, толку повеќе ја разбирам неговата величина, посебност но и потреба да се истражува и запишува. Преку расказите и песните, во оваа книга, патувам по македонското ѕвездено небо, оживувам сцени од историското минато во 1900 година, но и сцени од животот на иселениците во 21- виот век се со цел да се пренесат важни пораки и поуки за тоа дека борбите никогаш не престанале, секоја генерација води своја борба за зачувување на својот идентитет, посебно во овие бурни времиња.
Посебна благодарност изразувам до Агенцијата за Иселеништво за издавањето на оваа книга, до рецензентот, неуморниот трагач по македонската вистина, професорот, Ванѓелко Лозаноски. Ви посакувам пријатни и незаборавни мигови на денешната промоција во ова прекрасно место кое еден ден и јас ќе го посетам. Продолжете да творите, да се борите и да ја сакате Македонија.
Со почит
Гордана Димовска
Мелбурн
5.7.2017

The book "Traveler through the macedonian sky" by Gordana Dimovska was promoted in Velgoshti, Macedonia on the 8.7 2017. Sincere congratulations on the organization of this promotion to the members of the literary Club St. Visarion and especially to the professor Vangelko Lozanoski who has a great deal of respect for all literary work by macedonian authors abroad. He is always ready to present them to the Macedonian public. It is a clear indication of his vision of building bridges of cooperation with all writers of Macedonian origin in the world, because this is a kind of joint efforts in the preservation of the Macedonian language and the discovery of the Macedonian truth. He is a great Macedonian, a patriot, who devoted his whole life to creating works for his country. 


Comments