Subscribe:

Labels

Sunday, July 9, 2017

ОД ДРУГАТА СТРАНА НА РИДОТ

Автор: Живко Деспотоски
На Бранител - 2001
Виделино неизбистрена
дождовнице
полноќна,
не мати ги
водите на
два рида,
не гаснија жедта
во видот
замаглен.
Отворете го патот
О, вие нескротени
острозабни молњи!..
чекорите неуморно
да вјасаат,
низ врвулици
коренити
непроодни.
Патиштата низ
густи тревје
ледина да се,
неуморно
со притаен здив,
со пригушен замор
во стапките,
тланикот да го видам.
Се' дури стигнам
не прогонувај те ме,
и така душа
немам,
здивот ми е
проштален молк
во глувотијата
на немиот збор.
Од другата страна
на ридот
две реки,две ѕвезди
патоказ се
на твоето враќање
во Горница,
цветните полјани
душа
миризлива,
снагата витка
рамница.
Од другата страна
на ридот
задумани огнови
од утрини рани,
во занес виреат,
свиреж на
овчарски кавали
тишината ја будат.
Си присакав
да ви пријдам
неканет гостин
во огниште старо,
и тука ли глувотијата
крај нема,
или пак така чинам
мајката
на патот каллив
стуткана
во мисли тоне,
неуморна
виулица
в гради и' немир
стега.
Со поглед вџашен
во бела одежда
стокмена, вита
со утрински крик,
на петли рани,
развеала коси
очи сини во
речни води трие,
синот свој
в прегратки го чека.
Ако си велиш
нека
има што да види,
мајкина солза
на лице падна,
в очи и светла искра
пламни,
в душа и' радост
блика
од далечина
вика,
Дојди сине
мајка те чека!...


Macedonian timeline

No comments:

Post a Comment