Subscribe:

Labels

Tuesday, August 1, 2017

ДЕНЕС СПРОТИ ИЛИНДЕН

             
                                                               
Да се исправиме повозвишени од Пирин,
И таму чекориме по височините,
Во пресрет на изгревот на сонцето над Македонија
Побистри од Егеј од каде извира глаголицата
Калемена  на зборот македонски
И заклетвата за Македонија „Слобода или смрт“
Пред евангелието со кама и пиштол.                                               
Да се напоиме од бистриот Вардар,
И да наздравиме со чаша вино тиквешко,
Ние сме Македонци, ајде да бидеме посилни од нашите негатори...
Погледнете во нашите очи
Подлабоко, и чисто, без злоба и суета
Ќе ѕирнете во вистината на нашата историја
Ќе видите и оган силно распламтен
Со искри од непокор и крикот на борците
смели
Ура за слободна Македонија
Напред Македонци, да го одбраниме ова парче земја
Доволно е да погледнете во нашите очи
Таму вирее љубовта кон Македонија.
Да се исправиме како никогаш досега
збратимени и силни под илинденското сонце
да не го прекршиме заветот на нашите претци!

Автори:Ванѓелко Лозаноски и Гордана Димовска

Macedonian timeline

No comments:

Post a Comment