Subscribe:

Labels

Tuesday, September 12, 2017

НЕ ДАВАЈТЕ МИ

Автор: Живко Деспотоски
Не давајте ми оган
со вжарени гламни,
трагите да си ги
пеплосам,
подарете ми
вечна светлина
ветена љубовна
надеж,
патов да си го
изодам.
Не скривајте го
вистинското лице,
со замачкани маски,
образот светол и
прозрачен,
да ви го видам.

Отворете се
такви какви што сте
со чисти раце,
прегрнете ме,
да ве чувствувам
за блиски пријатели.
Така сродни ќе сте им
на мисливе,
на душава,
на срцево,
ви ги подарувам
примете ги,
со вашата дарежливост
љубете ги.
Не лажате ме
не колнете ме,
не фрлајте отровни
зборови,
оти гревот на
претежок кантар
ќе ви го измерат,
судиите на
нашите бедни души.
Не давајте ми
лажни ветувања,
не тапкајте ме
по рамена,
зборувајте ја вистината,
и бидете тоа што сте
и такви какви што сте.
Зошто само така
ќе можам да ве разберам,
со меланхоличноста
на времена
недоречена заблуда,
ќе ја разубедам
иднината,
да ве вразуми
да ве љуби.
Да ве издигне
над сите,
непромислени
ветувања.
Биди таков
таква како што си
едноставен,
едноставна,
биди со чиста совест
биди прозрачна светлина
во мислите,
сакај се самиот
самата,
за да можам да те
издигнам,
над твојот неоткриен
престол,
да ја достигнеш
и недостижната
далечна ѕвезда,
и со нејзината
дарежлива искра,
да живееш и твориш
во твојата раскош
живеј.
А јас, и понатаму
ќе ја барам
ветената добрина
во некое си
несудено време,
ќе се пронајдам,
и таму ќе ја љубам
твојата студена
неутешна насмевка.
Поема на Живко Деспотоски “Не давајте ми“
The poem by Zivko Despotoski: Don't give to me
Do not give me a fire
with hot glows,
to cover my footprints with
ashes,
give  me eternal light
promised love hope,
to go my way .

Macedonian timeline

No comments:

Post a Comment