Subscribe:

Labels

Saturday, September 2, 2017

МАКЕДОНИЈА СЕ БУДИ

Маршираме секој ден
неуморно со страст,
маршираме
со љубов за секого,
маршираме
на залез на сонцето
а сепак е утро.
Се будиме
сите заедно,
загриженост
распламена
во љубов
и насмевки.

Еј, луѓе
ние сме живи,
во нашите гради
се разгорува искра,
свети како ѕвезда,
не' милува
просветлува!..
Извира љубов
надеж,
живееме.
Нашите срца
силно бијат
во тишината.
Еј, луѓе
ние сме живи,
нашите срца
силно бијат,
во молкот
на безнадежност!...
Дојдете со нас
да оживеете
љубите,
се надевате,
дојдете
во оазата
на мирот,
спокојот
НЕПОКОРОТ!!..

Автор: Калина Петровска
3. 5. 2017

Macedonian timeline

No comments:

Post a Comment