Subscribe:

Labels

Thursday, September 28, 2017

САМ

Мои размислувања за животот и осаменоста кои ги споделувам со читателите на МТ - Вера Горгиевска

Самиот збор САМ, се состои од три букви, но тие се тешки колку една голема планина. “Сам“ колку е лесно да се изговори тој збор и на него и околу него да се испреплетуваат вљубени во себе си лирски варијации со својата скапоценост како центар. А навистина колку е тешко, тешко и невозможно да се замисли и целосно да се сфати и со крајни последици да се прими таа самотија. Сам – три букви, коишто се изговараат во еден здив а всушност безброј години и недогледани пространства, пустоши, одрекувања, и стравотии од секаков вид без ниедна светла точка.
Не ја сакам самотијата која по себе носи голем број последици, ја ранува душата, многу длабоко, повеќе отколку што се замислува.
Чекам и очекувам некоја силуета да помине пред прозорецот – кој постојано е пред моите очи. Но попусто, никој не поминува, никој не чука на вратата.
Едно попладне гледам преку прозорецот надвор како една жена стои наведната како боежем да се крие, продолжив да ја следам и гледам. Одеднаш се исправи- беше убава висока млада жена како оди кон вратата и чека да и отворам. Јас се придвижив понатаму кон вратата и стојам. Се плашев да и отворам, ми се чинеше дека не ја познавам и си реков во себе- како да и отворам, гледам понатаму, пратам каде таа жена ми отиде и кога видов пак таа истата жена стои исправена пред другиот прозорец наспроти кујната. И решив си реков во себе – ќе и отворам, не се плашам повеќе – и и отворив. 
Таа велезе дома. Веднаш потоа осетив како жената е добредојдена. Јас и реков: вие дојдовте но јас вас не ве познавам, и ја запрашав: Која сте вие? А таа ми рече дека била од некое друго време. Потоа жената седна на каучот, ги скрсти рацете а јас седнав наспроти неа. Во моментот ми текна дека нешто треба да ја послужам како гостинка и отидов во кујната да земам нешто да ја понудам да касне. Но кога се вратив назад, жената веќе ја немаше, исчезна.
Тогаш сфатив дека тоа беше само еден неостварен сон – да ми прави друштво, да си поразговараме. Се разбудив со тага дека ми исчезна но поголема сила да ја барам вистината за осаменоста.
Самотијата никаде не е добра ниту пријатна но се е навика, мораш да се навикнеш, в шума, в шума, да се биде богат па потоа сиромав е навика. Навиката е дел од животот. Не сакам да бидам сама но постепено се навикнуваш и се помируваш со судбината.
Не ја сакам, исто така и тишината. Ѕидовите не ми зборуваат – студени се како леден мраз. Но имам телевизори во секоја соба, тие ми зборуваат, ми прават друштво да не бидам осамена. 

Самотијата, навиката и тишината сите заедно си носат на некојј начин слично обележје – со различна содржина кои мораш да ги навикнеш, ако ти е судено и ти стануваат другари во животот. Мораш да се навикнеш на пример да живееш со болка која те прати ден и ноќ. Но тоа си ти тоа личност што треба да му се спротивстави на секој предизвик за да го живееш животот онаков како ти го предодредила судбината.
Не се предавам смело чекорам затоа што се уште вреди да се живее. И самио ќе си го превориш животот во љубов како бајките за да преживееш.Macedonian timeline

No comments:

Post a Comment