Subscribe:

Labels

Thursday, October 26, 2017

ПОЕМА

И немаше ништо да те одврати
Постана бунтовник во кошмарен сон
а чувствата  како стари избледени конци...
се кинат и ти го олеснуваат патот
ти стануваш ненадајно и си одиш...
Ги остави боите и четката со која знаеше и да сликаш
во прашината остана поема
започната но недовршена
зборовите испрекинати
плачат и дење и ноќе
довикуваат да се вратиш
како птица во своето гнездо
да се свиеш и стоплиш
да насликаш нови бои
да го отвориш срцето кога умот друг пат фатил.
Ти така со лес си заминуваш и оставаш се позади
а стравот ја прави темнината поцрна од што е...
ти се реши и замина
но ако,
продолжи да одиш, и низ стравот има пат...
и после темнината доаѓа светлина
за кого каква...
И после тишината доаѓаат зборовите
се научиле да не плачат, да не тагуваат,
 престанаа да молат и исчекуваат
ја сфатија пораката на тишината
а поемата ќе добие друг крај.....

The poem "Poem" by Gordana Dimovska Macedonian timeline

No comments:

Post a Comment