ВО ЧЕСТ НА ДЕНОТ НА ИЗДАВАЊЕТО НА КНИГАТА "ЗА МАКЕДОНЦКИТЕ РАБОТИ"


Денес (25.12.2017) Љубители на литература, култура и наука „Свети Висарион“-Демир Хисар , во училиштето „Свети Кирил и Методиј“ - Бучин, имаше предавање на тема"Делото на Крсте Мисирков и заветот на Блаше Конески, за македонскиот јазик“ со професорот  Ванѓелко Лозаноски. На овој значаен настан, одбележување на годишнина од издавањетон на книгата "За македонцките работи" беше претставен и најновиот романот „Љубов и завет низ виорите" од Гордана Димовска и Ване Лозаноски -промотор Анита Диманоска која прочита фрагменти од книгата.
Кога сме кај јазикот, Блаже Kонески е во првите македонски научници, кој навлезе во развојните корени на македонскиот јази од книжевните дела на светите браќа Кирил и Методиј од Солун . па потоа преку делото ЗА МАКЕДОНЦКИТЕ РАБОТИ ги напиша првата македонска граматика и правопис. И остави завет како да се љуби, гради и развива современиот македонски јазик. Да се потсетитме на епохалното дело и патоказот што ни го остави Мисирков:
„За македонцките работи“ е книга напишана од Крсте Петков Мисирков и објавена во Софија 1903 година  Книгата ги претставува погледите на еден од најголемите македонисти и национални дејци кон македонското прашање, националната свест и пред сè на потребата од завршување на националната афирмација и ослободување на Македонците како посебен народ со особено значење на улогата за кодифицирање на литературен македонски јазик Во книгата се обработуваат тематики поврзани со основање на стандарден македонски јазик, правопис и азбука во контекст на изнесениот политиколошки поглед на тогашната актуелна политичка состојба во Македонија по Илинденското востание, како и научно-теоретски погледи за самобитноста и посебноста на македонскиот народ со историски пристап кон настанокот на другите европски и словенски народи, со единствена замисла и цел за национална афирмација на македонскиот народ во современа модерна европска нација со своја слободна, целовита и независна држава Македонија. И Мисирков и Блаже Конески ни оставија завет за јазикот кој е МАКЕДОНСКИ КОД, БЕЛЕГ И ПЕЧАТ. (Ванѓелко Лозаноски)
Извадок од една од многубројните статии на Гордана Димовска која многу често повикува на зачувување на убавината на македонскиот литературен јазик, негување и афирмација насекаде во светот. "Јазикот постои само ако се негува. Потребна е посебна почит и континуирано следење на промените во јазиците, на неговата важност, неговиот корен и сите оние кои приодонеле во неговото развивање низ историјата . Разбирливо е дека секое време си носи специфичен начин на изразување и употреба на конретни зборови, и секако, секој жив јазик е подложен на промени. Јазикот постојано се развива, се збогатува и неговите промени доаѓаат природно. Па затоа и постојано треба да се учи. Но промените што ги носи времето не смеат да го нарушуваат системот на македонскиот јазик. Македонскиот јазик е кодифициран врз основа на нашата писмена традиција низ вековите. Институтот за македонски јазик според сознанија, ги следи овие нарушувања на јазикот во сите електронски и печатени медиуми. Но кој да ги слуша? Никој не сака да вработува лектори или некој да му го покажува вистинскиот пат.
Македонскиот јазик е јазик на милиони Македонци, кои живеат во својата татковина но и во иселеништво. Иселениците правата огромна афирмација на својата нација токму преку јазикот по кој ги препознаваат во новата земја на живеење."Macedonian timeline

Comments