Subscribe:

Labels

Wednesday, February 21, 2018

РОДНИОТ ЈАЗИК


Коренот на сè
Е родниот јазик.
Низ вековите страдни изоде мачен пат
Нашите претци за тоа најдобро знаат
И знаеја од него најубав шарен килим да исткаат.
Го чуваа од тирани и поробувачи разни
Кои посегаа со долгите  раце
да го украдат и наречат свој.
Но од антика до денес  
Како пролетна вода врви 
 низ Егеј, Пирин, Вардар и секаде во светот
Каде Македонец гнездо свил.
И книги се испишаа
 со патоказ вечен
Засекогаш да се знае
Од родниот јазик нема помил.
Слава и чест на Свети Кирил и Методиј
На нашите Крчовски, Мисирков, Прличев, Пулевски,
На Шапкарев, Климент и Наум, браќата Миладиновци,
 Конески, Рацин
 и многу други достојни за почит.
И во најтешко време
 го чуваа јазикот 
преку нивните мисии
Скришум печатени дела
 да опстои во светот
Како силно оружје свето!
Родниот јазик е причина
 за целосна среќа,
неговиот пат 
никој не смее да го спречи
Родниот јазик 
е вечен симбол 
на нашето постоење
Потсетник за секој
од каде корени влечи.

Автор: Гордана Димовска 
Image created by Peco Lukanoski

Macedonian timeline

No comments:

Post a Comment