Subscribe:

Labels

Monday, March 12, 2018

СПЕКТАКУЛАРНА МУМБА ПАРАДА 2018

Денот на работникот, 12 март во Мелбурн се одбележа со низа активности на неколкудневниот фестивал наречен  Мумба. Посебна атракција беше парадата на која се слеа  вистинско шаренило од 2000 учесници меѓу кои и етнички групи (Кина, Шпанија, Тајленд, Кариби, Јапонија, Украина. Парадата официјално ја отворија претставници на племето Wurundjeri со церемонијата Добредојде. Започнаа со палење на оган кој според нив имал значење да изгори се лошо и обнови земјата. Потоа следуваше традиционален танц “Слушнете не’.
 Од 1955 година, Мумба парадата ги опчини срцата и имагинациите на жителите на Мелбурн, и до ден денес ја оживува виталноста и енергијата на овој фестивал. Инаку зборот Мумба (земен од Абориџинска тв серија) значи ‘Ајде сите да се дружиме‘. Емигрантите кои се доселиле на австралискиот континент имаа можност да го слават нивното културно наследство отсликано преку разнобојните традиционални костими и музички кореографии.
Покрај претставници од разни групи и популарни личности, на оваа парада учествуваат и етнички заедници кои навремено се пријавуваат и одат на две проби за да бидат спремни заедно во мноштвото учесници да се претстават во најубаво светло.
По улиците продефилираа танчерски групи, хорови, противпожарната екипа, амбулантата,  џиновските воздушни фигури од луѓе, јадења, пчели, пајаци, и многу други атракции.За крал и кралица оваа година беа прогласени, актерот во детски емисии (Giggle and Hoot fam), Џими Гигл и Криси Свон, водителка на радио Nova 100 .Фотографии од настанот:





















Гордана Димовска
Macedonian timeline

No comments:

Post a Comment