Subscribe:

Labels

Thursday, March 8, 2018

ЖЕНА

Твој ден е денес
Да славиш а и сите со тебе.
Јас почнувам да везам
песна како килим со најубави бои
како ти што везеше низ вековите
килими и знамиња за Гоце и Јане
Ќе изредам зборови достојни и милни
но пак ќе бидат малку
за заслугите твои.
И низ темнина умееш светлина да сееш
И нема срце кое не умееш да згрееш
Жена, сопруга, мајка, сестра
Најдобра пијателка и магичен цвет,
И кога ти е најтешко, сееш бескрајна радост,
Закрила за секој.
Денот твој се слави во целиот свет
Жена, како најубав волшебен цвет.
И продолжувам да везам
Само да ја обојам твојата убавина

Твојата насмевка која ја носиш
Во сивилото на денот
Твојата нежност, во трошниот свет.
Од безброј земни патишта
Најтешкиот го избра
И патуваш храбро со крената глава
и по целиот пат
Твојата единствена радост е радост да дадеш ..
Како тебе никаде нема,
Биди секогаш сакана и мила
ангелски убава и света ЖЕНА!

Гордана Димовска

Photo image created by: Peco Lukanoski - Thank you
Macedonian timeline

No comments:

Post a Comment