Subscribe:

Labels

Thursday, March 15, 2018

КОИ СТЕ ВИЕ ОБЕЗЛИЧЕНИ, БЕЗВРЕДНИ ДУШИ


Автор: Живко Деспотоски
Чекориве ме водат насекаде по земјава
и до кај што сум стапнал,
го слушам лелекот на мајките
секоја стапка тешка ми е,
крвта под мене и духот на војводите
на бранителите ме вознемирува.

Зарем станав малодушен
да не се знам кој сум,
кој ме родил, што сум јас, што сте вие,
кои не сакате да се огледате
во огледалото на земјата?!...

Кои сте вие обезличени, безвредни души
та честа си ја продавате за грст златници,
со нив ли ќе ја одомите радоста во божјите храмови
вие болни умови од мајка се одродивте,
од татко се откажавте?!...


Кои сте вие родени и одродени од мајчината дојка
благословот го исплукавте,
рани ќе се отворат во вашите погани усти
та место сласта на лебот да ја вкусите,
пелин ќе голтате и ќе ве стигне клетвата
на мојата и вашата мајка
МАКЕДОНИЈА!...

Вие кои челадта ја оставате без име,
без јазик и без корен
вие одроди одродени
отрови да ве затрујат
и подзинати со скапани јазици,
завивајте во бедотијата
зошто само таа ви остана.

Автор: Живко Деспотоски
Февруари, 2018

No comments:

Post a Comment