Sunday, March 25, 2018

ЗОШТО Е ДОБРО ЧИТАЊЕТО


Читањето на било која литература, може да го прошири твоето разбирање за светот. Оние кои читаат, се познати дека имаат повеќе развиени мозоци од оние кои преферираат повеќе пасивни активности, па секој кој сака да го подобри својот ум и психички и когнитивно, би требало да размисли да ја зголеми навиката за редовно читање.
Зошто да читаме?
 1. ДА СЕ РАЗВИВААТ НАШИТЕ ВЕРБАЛНИ СПОСОБНОСТИ
Оние што читаат имаат тенденција да имаат поинаков спектар на зборови за да го изразат начинот на кој тие се чувствуваат и да ја пренесат својата поента. Колку повеќе читаме толку повеќе го збогатуваме нашиот вокабулар и користиме во секојдневниот живот како вешти комуникатори.

2. ГО ПОДОБРУВА НАШИОТ ФОКУС И КОНЦЕНТРАЦИЈА
За разлика од читање на блог постови и новинарски статии, седнувајќи со книга в рака, потребен е подолг период на фокусирање и концентрација што е малку тешко да се направи на почетокот. Да се ​​биде целосно ангажиран во една книга, потребно е затворање од надворешниот свет и внесување во текстот, кој со текот на времето ќе го зајакне нашиот распон на внимание.


3.ПОАКТИВНИ УЧЕСНИЦИ ВО СВЕТОТ
Една студија направена од страна на НЕА објаснува дека луѓето кои читаат, најверојатно се вклучуваат и во добротворна работа. Читателите се активни учесници во светот околу нив а ангажманот е од клучно значење за индивидуалната и социјалната благосостојба.

4. ПОДОБРА ИМАГИНАЦИЈА
Вие сте само ограничени од она што можете да го замислите, а световите опишани во книгите, како и ставовите и мислењата на другите народи, ќе ви помогнат да го проширите вашето разбирање за тоа што е можно. Со читање на писмен опис на некој настан или место, вашиот ум е одговорен за креирање на таа слика во вашата глава, наместо да ја ставите сликата пред вас кога гледате телевизија.

5. ПОПАМЕТНИ
Книгите нудат извонредно богатство на учење и тоа по многу поевтина цена. Книгите дома се силно поврзани со академските достигнувања и многу знаења. Не прават попаметни.

6. НЕ ПРАВИ ИНТЕРЕСНИ И АТРАКТИВНИ
Имајќи фонд на разновидна литература, се здобивате со голем број информации со кои лесно можете да се вклучите во секој разговор наместо да се чувствувате неугодно и најдете изговор да го напуштите друштвото. 

7. ГО НАМАЛУВА СТРЕСОТ
Истражувањето на  Mindlab International на Универзитетот во Сасекс покажа дека читањето го намалува стресот. Тивкото читање за шест минути  го забавува срцевиот ритам и олеснува напнатоста во мускулите. 
8 ПОДОБРУВА И ЗАОСТРУВА МЕМОРИЈАТА 
Типично, кога читаш, имаш повеќе време да мислиш. Читањето е како копче за пауза при што се концентрирате да разберете што читате. Придобивките од оваа зголемена активност ја заоструваат меморијата и вашиот капацитет за учење.

9. ДУХОВНО ПОБОГАТИ 

Во својата книга Како да читаме и зошто, Харолд Блум вели дека треба да читаме полека, со љубов, отвореност и со нашето внатрешно уво. Тој објаснува дека треба да читаме за да ја зголемиме нашата духовитост и имагинација, нашето чувство за интимност, целата наша свест - и исто така да ја излечиме болката.

МЛД "КОЧО РАЦИН" МЕЛБУРН

Macedonian timeline

No comments:

Post a Comment

ЗАБЕГАНИОТ ДЕДО НОЕ

Расказ од Нове Младеновски Расказот ја доби третата награда на литературниот конкурс организиран од МЛД "Ванчо Николески" 2023...