Subscribe:

Labels

Wednesday, April 4, 2018

ПРОМОЦИЈА НА "ANOTHER WAY OF LIVING" OД Др.СНЕЖАНА ЏАМБАЗОВА - ПОПОРДАНОСКА

На 28 април промоција на ново дело
Kнига која ги содржи одговорите на најзначајните прашања од животот и ќе ви помогне да го пронајдете внатрешниот мир, радоста и вистинската среќа во животот.
Во организација на македонското литературно друштво Кочо Рацин, во сабота, на 28 април со почеток во 14.00 часот, во Mill Park Library (394 Plenty Road, Mill Park, VIC), ќе се одржи промоција на книгата “Another Way of Living” од Др Снежана Џамбазова-Попорданоска.
Др Снежана Џамбазова-Попорданоска, M.D, Ph.D., е доктор по медицина, советник и доктор на науки во областа на психологијата. Таа им помага на луѓето да го пронајдат сопствениот пат кон просветлувањето – пат кој се постигнува со себе-спознавање и внатрешен развој на љубовта, како и целосен интегритет на умот, телото и духот. Овој пат кон нашето внатрешно богатство е отворен за сите оние што ќе го одберат.

Книгата “Another Way of Living” е базирана на научни истражувања во областа на психилогијата и личниот развој, како и на повеќегодишното професионално искуство на авторот во работата со пациенти од различни култури, националности и религиска припадност. Оваа книга претставува животен прирачник кој содржи јасни пораки како и моќни практични стратегии кои ќе ви помогнат да:
- Ги надминете секојдневните стравови и страдања
- Ги подобрите вашите комуникациски вештини
- Формирате и одржувате позитивни односи со другите
- Се самоспознаете
- Постигнете само-реализација.

Macedonian timeline

No comments:

Post a Comment