Subscribe:

Labels

Sunday, June 24, 2018

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЃОРЃЕ ИВАНОВ ОД МЛД "ГРИГОР ПРЛИЧЕВ"

Macedonian Literary Association “Grigor Prlichev”
Македонско Литературно Друштво „Григор Прличев“
P.O. Box 227 Rockdale NSW 2216 - Australia


20 јуни 2018
Ѓорѓе Иванов,
претседател на Република Македонија

Почитувани Иванов,

Ви се обраќаме од името на членовите на нашата Асоцијација која делува во Австралија 40 години. Исто преку ова писмо го споделуваме мислењето на сите Македонци од дијаспората кои сакаат македонската држава и нација да има иднина и просперитет.
Како прво Ви честитаме што ги штитите правата и интересите на македонската нација. За нас вие сте заштитник на Уставот и столбот на македонската Република и поради тоа вас ви се обраќаме со цел да ве подржиме во вашата одлука да не го потпишувате предавничкиот договор на премиерот Заев и министерот за надворешни работи Димитров кој е против уставен и против барањата на Македонците.

Како што знаете, Дијаспората во моментот нема политички преставник во парламентот и не постои невладина организација која ќе застане зад нашите барања и да влијае врз одлуките на владините тела или политичките партии кои ја носат државата во пропаст. Дијаспората пати од сите Владини несовесни одлуки и дискриминаторски потези кои негативно се одразуваат на нашиот идентитет и иднина без разлика каде живееме. Преспанскиот договор за нас како нација е срамен и понижувачки. Овде во Австралија, македонската Влада и политичарите се исмејувани, а македонскиот народ се потценува и прикажува дека е глупав што дозволува да биде воден како стока во бездна од која нема враќање. Владата го сече коренот од кој што живее нашата нација, без тој корен ние нема да постоиме.

Претседателе Иванов, нас не ни треба влез во ЕУ која е трула и се распаѓа или зачленување во НАТО, а да сме понижени и уништени како држава и како народ. Затоа апелираме до вас и до сите прогресивни сили во Македонија кои ги почитуваат историските постигнувања, македонската култура и јазик, да продолжете да го браните нашето достоинство и не заштитите од продадените души, како Заев и Димитров, кои ја уништуваат македонската нација.

Со особена почит и со надеж дека ќе продолжете да ги штитите интересите на сите Македонци без разлика каде живеат.

Од името на членовите,
Претседател
Душан Ристевски
………………………………………………………………………………………………
                          40 години промовирање македонска литература
                                    39 години библиотекарски услуги

                                          34 години издавачка дејност
Macedonian timeline

No comments:

Post a Comment