ВЕЗ


Силно светат, паѓаат
Тивко, нежно
Да не ја вознемират
И прекинат таа нишка,
Ја осветлуваат твојата вредна рака
Конци црвени, црни
И ред други бои
Ти не знаеш за мака
Продолжуваш да везеш
Твоето срце полно со љубов
Кој би можел тебе да не те сака?

Изнареди бои и зборови силни
Еве при крај си со оваа везба
Не заборави да ставиш и извезеш
Зборови со најубава црвена боја
Еве ја испиша и желбата твоја:
Вечно да се слави името твое
За тебе земјо љубов гори
Голема и силна
Како илинденски оган.

Од срцата на милиони
Македонци, мажи, жени, деца
Во родината но и во светот.
Во споменот на Филип, Александар
На нашите борци, поети
Твоето име најсилно свети.

Таа убост твоја со ничија не е рамна
Извезе знаме, за исконска земја
Песна исконска, заветна
За Македонија наша ВЕЧНА.

Гордана Димовска
Macedonian timeline

Comments