Subscribe:

Labels

Monday, October 1, 2018

МАКЕДОНСКИОТ ТЕАТАР МЕЛБУРН СО НОВА ДРАМА

Македонскиот театар од Мелбурн, минатата Сабота на 29 септември во Neret Reception, премиерно ја прикажа комедијата “Шест дена работи, седмиот одморај“од Весна Куслеска. Беше одлично прифатена од публиката за што придонесоа актерите со одлично изведените улоги. Жените (сите љубовници на кројачот Перо) ги носат имињата на деновите од неделата, и доаѓаат во погрешен ден при што настанува и забуна. Секоја со своја животна приказна и ранг во општеството или како што си се замислила дека е.  Се заврзуваат во силни разговори, напади една на друга, споредувања, но и припреми за закоп на “мртвото тело“на Перо. Притоа сите тие си раскажуваат како го сретнале и колку добро го познавале Перо и постојано се препираат како да го облечат.

Цело време се мачат да откријат која е личноста наречена Недела која навистина ги интригира сите се додека не влезе во собата кон крајот на драмата и сите се затекнати од тоа што ќе видат.
Убава комедија која ги насмеа присутните и МТМ успешно работи на тоа да претстави барем по една драма годишно на Македонски јазик во некои од театрите или рецепциони сали во Австралија.
Треба да се поддржат нивните напори и да се помогне неговото опстојување со цел  и понатаму да се одржуваат културни настани од ваков вид, потребни за македонската публика.
Во улогите на драмата беа застапени: Дона Димовски Кантаровски (директор на театарот), Мери Бонева, Елена Станкоски, Мирјана Велјановска Симјановска, Татјана Пишмановска, Соња Стојановска, Слободан Андоноски, Том Кантаровски.
По завршувањето на драмата следуваше богата забава со Show band Fontana (Стивен Најдовски и Том Кантаровски) со гостинката од Сиднеј, Соња Динамит.



Photos from the new drama by the MTM (theatre) - "Work Six Days, Rest on the Seventh"

 Macedonian timeline

No comments:

Post a Comment