Subscribe:

Labels

Thursday, January 10, 2019

ЖИВА ПРИКАЗНА - PASSPORT REPUBLIC OF MACEDONIA

Една од многуте лични приказни за негирањето на Македонците во Австралија 
Дончо Ангелоски 
Дојде и овај момент да го кажам!
Дпмне и Сдсм успешно си ја завршија предавничката улога.
Кој ќе зинит и барем малку спомнит нешто како фалба за овие две партии не само што го згазило времето туку е за жалење,а и ги бришам од пријатели таквите. Доста ми е од таквите партиски лиганчари.
Нашите претци се бореле и крв дадоа да создадат и создале а овие сето го споебаја.
Никој од душава немојт да ми земит она што го сакам и што е мое, ама овие ни дадоја срам , голем срам да не можеме да се гордееме со нашата нација и земја.
Се прашувате зошто?
Еве ќе ви одговорам со оваа моја лична приказна:

Во далечната 1997 година декември месец , точно пред 21 година за први пат пристигнав во Австралија. После 3/4 месеци , привремено започнав да работам во една фабрика за правење  делови за бродови. Во таа фабрика доминантни беа Грците и Полјаците а целосна контрола за се е имаа Грците. Јас бев единствениот Македонец. Толкава омраза, гнев и негирање према Македонец во тоа време лично за прв пат во мојот живот се судрив. На Грците од кога им кажав дека сум Македонец од Република Македонија тотално збеснаа, ме вреѓаа, нема Македонија, нема Македонец ти си Скопјано и што уште не ! На Полјаците им објаснуваа да не веруваат, не постои Македонија ,значи целосно ги фати паника. Дури еден постар Грк кој беше од мојата смена не можеше да ме смисли, само се дереше и какви се глупости не кажуваше. Јас само ќе им кажев дека сум Македонец од Република Македонија и си е бркав работата и ич не се расправав. А тие уште повеќе се излудија. Полјаците ме прашуваа на само дали навистина постои Република Македонија од кога се распадна Југославија јас се ќе им објаснев и ќе им кажев: скокаат Грците дека ни имаат земено голем дел од Територијата. Полјаците без да знам се им пренесуваа на Грците што зборев за да добијат подобро работно место. Не знаев дека толку се заедно организирани. Мојата професионалност и тоа што зборев само кога имам потреба сите ги загризи. Почнаа ептен да ме понижуваат и вреѓаат и еден ден од дома го зедов Македонскиот пасош во џеб и отидов на работа. Чичето Грк одма се залепи и поцна со вреѓање. Јас ништо не му реков. Го викнав еден Полјак кој знаеше нешто Македонски поради женаму и му реков да ги собере сите од смената и да ми преведува тоа што ќе му речам. Грците само што дојдоа почнаа со увредите: Што е Скопјано и што уште не ... и сите почнаа да се смеат и да се чувствуваат горделиви,силни Грци. Полјаците со ними се смееја. Полјаков што преведуваше им рече: Дончо сакат нешто да ви кажит. И јас им реков: Господа Грци, 2 месеци пробав на добар начин да ви објаснам дека сум Македонец од Република Македонија. Овајпат тоа ќе го докажам и на дело!. Го извадов Македонскиот пасош и им реков: Вие колку сакате јадете гомна ама погледнете со кој пасош јас дојдов во Австралија : Pasport Republic of Macedonia!!!
Онемеја, се изгубија, побледеја се посрамотија пред сите. Другиот ден бев слободен Македонец никој повеќе не се лигавеше, врегаше и не ме понижаваше.
Но Грците не застанаја тука кога требаше да се одлучува кој од новите работници треба да добие за стално да остане,луѓето од главната канцеларија на фирмата и газдата, застанаа за мене. Тогаш Грците на газдата сите му отишле во канцеларија и му рекле ако останам јас тие сите ќе дадат откази . Тогаш јас останав без работа со 3 неделно бебе и тазе кредит од банка земен за мојата прва куќа.
Но тоа ништо не ми беше гајле се чувствував како голем победник и во сварност ми направија услуга, оттогаш влегов во приватниот сектор во градежништвото и станав свој човек како Македонец а не како друг што сака.

Нажалост на нашиве политичари (продадени души) поважни им беа алтаните и продажбата на срцата и не издржаа уште малку за да е видат добрината и успехот на својот народ и себеси.
Се прашувам сега со кој пасош(passport) ќе се гордееме?
И за ова имам одговор денес!
Ќе се гордееме со нашите срца и чиста љубов за својата земја Македонија.

Ќе им дојде денот нема да им успее !.
Толку Драги Мои.
Македонија, Македонци Засекогаш

Дончо Ангелоски
09/01/2019 17:30


Macedonian timeline

No comments:

Post a Comment