Земја

Никола Јонков Вапцаров


Таа земја сега што ја чекорам,таа земја в пролет што ја буди југот таа земјa своја не ја знам, таа земја простете е туѓа!
Рано тргам по фабрички друм.
Безброј рубашки
се тискаат се ројат.
Слеани смесо раце со умно земјава… сепак не е моја!
Над мојата земја в пролет сјај се плиска
водопади грмат од сонце набликнато.
Ја сеќаваш в срце ти неа за блиска
 и гледаш кај скокум безброј цвеќа никнат.
Над мојата земја до небото Пирин се крева.
Боровите в бураилинденски приказни пеат.
Над Охрид модрината во просторот се слеваа подолу
уште на Егејот далги се леат.
Сал ќе си спомнам и крвта в миг ќе сјури
вo срцето кое се топи во спомени нежни.
Мој роден крај!Крај личен.
Лулан в бури поен со крв среде витлавици мрежни.

Comments