ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА ПРОСЛАВЕН И ВО МЕЛБУРН

По поводе 8-ми септември, Денот на независноста на Македонија, и  во Мелбурн се развееја  8-те македонски знамиња на Централниот плоштад Federation square. 

 Оваа прослава ја организира Советот на Македонската заедница под покровителство на Македонскиот Конзулат во Мелбурн. Конзулот на Република Македонија во Мелбурн, Бети Коруновска имаше чест да го изведе кревањето на македонското знаме како и да одржи говор пред Македонците на плоштадот.

Говори одржаа и претседателот на Советот на Македонската Заедница, Роберт Трајчевски, претседателот на ЗК на ВМРО-ДПМНЕ, Џими Котевски и Ордан Андреевски (претседател на ОМД, Мелбурн).
Македонците на сите меридијани на светот треба да останеме верни на  заложбите на нашите претци и понатаму верно да се залагаме за доброто на Македонија.
По повод 22 годишнина од независноста на Македонија, искрени  честитки беа упатени до Владата на Република Македонија, до сите државни институции,  до сите Македонци во светот.  Македонските национални  празници и чествувања , треба да го зацврстуваат македонскиот дух,  припадност а воедно и да не поттикнуваат на континуирана соработка со татковината. Само така ќе бидеме поуспешни и ќе допринесеме во културното издигнување и успеси како македонска дијаспора
.






Comments