ЈАВЕН ПОВИК

14.05.2014 година



Агенцијата за иселеништво на Република Македонија во соработка со пратениците од дијаспората во рамки на проектот ,,Македонија памти" објавува:


ЈАВЕН ПОВИК

Се повикуваат иселеничките организации и иселениците од Македонија да достават иницијативи за доделување на одликувања и признанија за особени заслуги и достигнувања на физички и правни лица од иселеништвото за афирмација на Република Македонија во светот, во сите области на општествено делување.

Иницијативите (пополнети апликации) да се достават до Агенцијата за иселеништво на адреса ул. Македонија бр. 19 или на Интернет адресата info@minisel.gov.mk, заклучно до 14 јуни 2014 година. Агенцијата за иселеништво на Република Македонија истите ќе ги проследи до Комисијата за одликување на Претседателот на Република Македонија, Н.Е. д-р Ѓорге Иванов.

Образецот за пополнување на апликациите е достапен на Интернет страната http://www.emigration.gov.mk

Напомена,
Иселениците и иселеничките организации кои минатата година доставија пополнети апликации, не морат да ги праќат повторно, доколку не сметаат дека треба да ги дополнат со нови информации. Агенцијата за иселеништво располага со сите досиеја и во рамки на дадениот рок ќе ги проследи до Комисијата за одликување на Претседателот на Република Македонија, Н.Е. д-р Ѓорге Иванов.

Директор,
Васил Наумов

Одете на веб страницата на Агенцијата за иселеништво http://www.emigration.gov.mk
и пополнете ги образсците






Comments