ОДРЖАН САЕМ НА КНИГАТА ВО МЕЛБУРН

Австралиско Македонското литературно друштво “Браќа Миладиновци“, Мелбурн во чест на 24 – мај Денот на македонските просветители и учители, Св. Кирил и Методиј одржа Саем на книгата во просториите на библиотеката Thomastown. Беа изложени голем број на книги од македонски автори и секако од авторите – членови на друштвото. Ова беше одлична иницијатива и чекор напред кон промовирањето на македонскиот збор и писмо меѓу Македонците во дијаспората. Како дел од кампањата “Сакај ја книгата, негувај го јазикот“, Друштвото “Браќа Миладиновци“ развива силна идеја меѓу Македонците во дијаспората и планира голем број активности за деца со кои би го поттикнале интересот за јазикот и меѓу најмладите од македонско потекло. Како пример за тоа беше и настапот на малата Шана Јовановска која ги импресионира присутните со чистото зборување Македонски јазик раскажувајќи занимливсти за Македонија. 

За малите учесници на овој Саем беа подготвени посебни активности и беа потпомогнати со Верка Георгиевска и Љубица Поповска.
Присутните се потсетија уште еднаш на ликот и делото на Св. Кирил и Методиј, а не изостана ни убавата поезија од авторите Виолета Јовановска, Иванка Петровска, Крис Дамос, Крсте Наумовски – Мечкар, Верка Горгиевска, Љубица Поповска, Гордана Димовска, Трајан Цветаноски, Вера Илковски попратени со магичниот звук на флејта со Пеце Јовановски.

Беше прочитан и дел од новата книга на писателот Нове Младеновски чија книга ќе биде промовирана од Агенцијата за иселеништво на овогодинашната иселеничка конференција.
Беше презентиран и дел од книгата “Железното момче од Македонија – Лерин од Кочо Крушорати. Организаторите изложија и книги од нивни соработници и писатели од литературното друштво “Григор Прличев“, Сиднеј како и книги од Јанко Томов, Славко Крстевски (“Битисување“ и “Крикови“), Ванѓелко Лозаноски (“Македонски код“, Книга за Климент Охридски“, “Легенда за Александар Македонски и Бела Ица“).
Честитки до иницијаторите и организатори АМЛД “Браќа Миладиновци“, Мелбурн и успех во понатамошнните активности.







Благодарност до сите кои го посетија Саемот, до медиумите Васе Коцев SBS radio, Васко Ангеловски 3ZZZ, Пеце Јовановски, Агенцијата за Иселеништво од Р. Македонија.

Comments