Subscribe:

Labels

Friday, July 17, 2015

ТАЛКАЊЕ НИЗ ОЧАЈОТ

Автор: Славко Крстевски

Зошто ми ја замолчивте песната
што сакав да ја распостелам..
Зошто ми го прекинавте орото
што сакав да го растегнам до бескрајот...
Зошто ми ги растуривте планините
од кои ги гледав полињата..
Зошто ми ги прсушивте реките
по кои пловев до морињата...
Зошто ми го прекривте изгрејсонцето
за денот да ми биде ноќнина...
Зошто ми ја избришавте насмевката
со која си ја лекував тагата
Зошто ми ја покажувате иднината
кога ме закопавте во небиднината...

Зошто ми го украдовте умирањето
со кое си го убивав живеењето...
Зошто ми ја разбудивте тишината
со која толку силно врескав...
Зошто ми ги пресушивте очите мои -
како ќе ја оросувам и појам
птицата што ја милувам во рацете свои...
Престанете да ми копате по душата
и буричкате низ мозокот
минатото е многу длабоко да го избришете...
И...Сега, ЗОШТО, ЗОШТО наеднаш
престанавте?...ЗОШТО? - кога ви
остана само уште едно посегнување?
А, што ми оставивте?... и натаму,
и уште понатаму...
и до кога ќе ми оставате:
- заматен поглед
во недоглед
- навлажнет и 
запален сноп
што полека тлее
- откршен јоргован
во чаша со вода
-цветна китка
овената
- птица престрашена
пред сокол стрвен
исправена
со скршени крилца 
в раце што ми прета
- пеперутка среде
виулица
- студено мртвило
в' пазуви да топлам
- живеење без живот
ЗОШТО?!...
АЈДЕ, сега, најмили мои, на ЗАЈДИЖИВОТ
земете ми ја уште БОЛКАТА за
да не талкам низ ОЧАЈОТ...

No comments:

Post a Comment