ЉУБОВТА СЕ СЛАВИ

Вечерва и ѕвездите ѕвездат
и вљубените сонуваат
во срцата пламен се пали
Св.Валентај се слави.

Вечерва светлина блеска
овде-онде се слуша
љубовна песна.

 Влубени парови одат
прегрнати ил' за рака се водат
со цвеќе и насмев и сјај во очи
за Св.Валентај,денот на вљубените
љубов од срце во срце се точи.


Ресторан за вечера ги чека
за пријатни мига во вечерта лека.
Романтична атмосфера
музика,свеќа, цвеќа
и бранувања од среќа.

Вино,со опојност жарка,
капка по капка.
Навлегува љубовта,
стапка по стапка
во нивните срца весели,
занесени, ширни ко вселена
со жарка љубов населена.

И вино и виолина
атмосфера свечена-сина.
Заискруваат водоскоците
на љубовта,
напоени од зрелината
на црвеното вино.

Очи во очи,мерак се точи
меракот листа, насмевка блиста.
Блескав, врел поглед

нежност,шепот...донедоглед.

Поема „Љубовта се слави"
Автор: Љубица Поповска

Poem for Valentine's Day - „Celebrate love"
Author: Ljubica Popovska



Comments