МЛД “КОЧО РАЦИН“ СО ПОЕТСКО ЧИТАЊЕ КАЈ ПЕНЗИОНЕРСКОТО ДРУШТВО “БЕРАНЦИ“

На покана од пензионерското друштво"Беранци" од Мелбурн, а по повод Празникот на просветителите Св.Кирил и Методиј гостуваше Македонското Литературно Друштво "Кочо Рацин од Мелбурн.
Уводно излагање и поздрав до МЛД "Кочо Рацин"одржа Симон Петровски а Лилјана Атанасова го прочита рефератот на МЛД за значењето и улогата на делото на св.Кирил и Методиј.
Со своја поезија настапија членовите на МЛД, Крсте Наумовски и Љубица Поповска.
Посебно треба да истакнеме дека пензионерите со голем интерес го следеа и рефератот и прочитаните песни.




Comments