Subscribe:

Labels

Friday, June 24, 2016

МАКЕДОНИЈО

Автор: Димитар Димитровски -Такец
Истури ги црнилата Орачу Македонски
подноктиците плодни,во Дедовата нива
да бликне живот,водоскоци од семе
да задрочи Мајчината Грутка - Македонија.

Подлабоко навлези во посната бездна
посади корен и глад во лутите карпи
спроти луњите и ветриштата црни,
задои ја со животворни капки.


Орачу Македонски:со капка аловна
жедните ќе се напојат причесна,
никулци нови ќе 'ртат и истрајат
на вековната скудна трпеза.

Во твојот плуг, Орачу Македонски
баботи Тешкото, плачат зурлите,
офка семето пресечено на ножот
пребол од кој ќе никнеме двајца,
МАКЕДОНИЈО...

Од книгата"Битолски медалјони"

Димитар Димитриовски - Такец
Роден во 1922 - Битола1 мај 2015
Македонски новинар, писател и публицист, сликар и композитор, дојаен на битолското и македонското новинарство.

No comments:

Post a Comment