Subscribe:

Labels

Thursday, August 25, 2016

НАЈСРЕЌНА СУМ ПОКРАЈ ТЕБЕ

Автор: Олга Наумовска
Сакав да се победам сама себе си во чувствата проткаени со нежности на природен сентимент.
Во сонот кога ѕвездите се капат во Црно море
само чувствата во мене беа звучни
Во твоите очи кои искрат во мракот
видов, исплашен дивеч
кој молбено подава рака
под мислата на љубезност.

Отпор кон улогата на неморал
што ми ја подари без трошка на совест.
Во сокакот на вообразените
ќе бидеш прогонет
за повторно да ја допреш
клучалката на моето срце.
Бев тажна од твојата безопасна отсутност...
Открадна парче од моето битие,
ти недостасува совест што умее
да го скрои и стокми секој дел
за повторно да биде цело.
Додека силни чувства,срцето ти го парчат
во полноќта се враќаш за нежната насмевка
открадната од моето лице
Само фенерот тивок сведоштво е мое
За да ме пронајдеш во мракот
крај огништето чии пламени јазици
ја грејат мојата смрзната душа.
Кој би рекол,
светлината среќа носи?
Најсреќна сум, покрај тебе, кога во Мрак силно ме љубиш
While strong feelings, break your heart 
at midnight you are coming back for my gentle smile
stolen from my face,
The lantern  is my testimony 
just to find me in the dark
in front of the fireplace whose flames
warm up my frozen soul.
Who would have say,
the light brings happiness?
I am the happiest' beside you, when you kiss me in the dark...
Author: Olga Naumovska - Bitola , Macedonia

Macedonian timeline

No comments:

Post a Comment