ВО ПОСЕТА НА ПЛАНИНСКА КУЌА И "ПОСЛЕДНАТА БИТКА НА АЛЕКСАНДАР“

Не можев а да не одолеам на желбата пред враќање во Австралија,пак да не ја видам сликата"Последната битка на Александар Македонски",но овој пат заедно со младиот а голем ликовен уметник Стефан Поповски,сместена на влезниот ѕид од рибникот"Планинска куќа" во близина на селото Бистрица.
Прекрасно неделно утро.Пријатна свежина доаѓаше од Пелистерот.Чувствуваш како да ја слушаш тишината и спокој освежени и од тивкиот жубор на водата во рекичката и по некое скокање и плускање на рибите во рибникот.Тишина и свежина која одморува. Ја гледам сликата со воодушевување како еден млад уметник ја има доловено и насликано Битката на Александар.Го прашувам како се чувствува,а тој вели"Исполнето".Краток одговор кој кажува се'.Не е ни чудно што секој посетител на Рибникот сака да се слика покрај самата слика.
Љубица Поповска

Погледнете ги фотографиите од убавото место во село Бистрица:






Macedonian timeline


Comments