НА ТАКЕЦ

In honor of THE GREAT MAN - Dimitar Takec
Во чест  на ГОЛЕМИОТ ЧОВЕК - Димитар Такец
1. 09. 1922 
94 години од неговото раѓање

Автор: Гордана Такец
НА  ТАКЕЦ

01.09.1922-01.05.2015

Беше вљубеник во Бриони,Пелистер и Копанки,
Широк Сокак,Тумбе Кафе,Чифте Фурни...
дете на дограмаџии....
правдољубив,чесен,ИСПРАВЕН ПРОСТУМ
благодарен внук на баба Васа и дедо Спиро,
уважени домаќини од Кланичка бр.36...
со тага по Јаглика и Николе
предвреме згаснати во првата војна...

осудени внуци да не помилуваат.
Во крвта ти беше МАКЕДОНШТИНАТА,
секој здив и дамар на Битола ги даде...
не сметај се за губитник,та ти одамна ги досегна
височините,
не плашејки се ни од најсурите врвици,
им  пркосеше на сите снегови,
на сите ветрови и сите светови,
ги совлада највисоките бранови,
пловејќи дпроти нив
и сите струи заедно не ти беа ни до колена.
Имаше храброст пред сите да се испречиш,
во секое лице да погледнеш,
лавовски сите да ги сакаш,
секој соговорник да го надмудриш,
од секоја битка да излезиш победник...
Она што те совлада
беше само мал беспоштеден дел од судбината,
наречен болест,но ти тоа го надживеа,
се спротистави заминувајќи достоинствено,гордо,
не потклекнувајќи пред ниедна стравотија.
Без лелек мо со болка,
и уште подостоинствено
те испратија познати и помалку познати.
За мене,што во тага по тебе ме остави,
до крај ќе бидеш
МОЈОТ НЕПОКОЛЕБЛИВ ХЕРОЈ
КОЈ ПРЕД СИТЕ ГО ДОПРЕ НЕБОТО.

Macedonian timeline

Comments