Subscribe:

Labels

Friday, September 16, 2016

ИНТЕРВЈУ СО ИВАН ТРПОСКИ

Interview with Ivan Trposki
Љ. Поповска - Повод за разговор е добивањето на Медал за заслуги за Македонија и промоцијата на книгата"Македонија-не те забораваме",која се одржа во Агенцијата за иселеништво  на 22-ри јули во Скопје. Како успеавте да го добиете тоа Најголемо Македонско признание,вие како поет и писател од Дијаспората? Кој ве предложи, кој беше патот до овој успех? Кажете ни нешто повеќе,доловете ја атмосферата на таа свеченост?
И. Трпоски - Па да бидам искрен Медалот заслуги за Македонија кој го добив во резиденцијата на претседателот на РМ Ѓорѓи Иванов со сите државни почести, благодарение на Македонското литературно друштво  Григор Прличев од Сиднеј кое ме предложи, а промоцијата на мојата најнова книга Македонија - не те забораваме ја организира Агенција за иселеништво на РМ за кое сум им премногу благодарен.


Љ. Поповска - Во 1968 година го напуштивте вашето родно Волино и се доселивте во Австралија.! Доселувајки се во Австралија со која мисла и цел дојдовте?
И. Трповски - Во Австралија допатував поради  економски причини.,Не можев да најдам вработување и така зедов збогум од родното, село, од Охрид и Македонија, зедов збогум од сопругата, од штотуку затоплената брачна постела и допатував во Сиднеј, во кој веќе живееше помладиот мој брат Спасе. Нормално мислев за кратко ќе спечалам и ќе се вратам назад, но тамошните сметки со вамошните не се поклопуваа, па морав по две годишен  самечки престој во Австралија да ја земам и сопругата Нада.

Љ. Поповска - Дали уште од таму ги понесовте своите книжевни корени или доаѓајќи во Австралија нешто проработи во вас, изби за да не можете да престанете ?

И. Трпоски - Уште од училишни клупи сум пројавувал интерес за поетика и за новинарство, но до одраз дојде времето во 1974 година кога почнав да ги објавувам моите први детски песнички во тогашното списание на Матица на иселеници од Македонија.
Љ. Поповска - Кои беа вашите почетоци како дописник-хронолог на настаните,што ве иницира да почнете тоа да го работите ?
И. Трпоски -  Со записи сум започнал уште во татковината, но во полн ек на дописништво започнав во моментите кога нашата заедница се зголемуваше и кога раснеа и размножуваа друштва, организации, училишта,кога забрзано почнаа да никнат цркви, спортски клубови, старски домови итн тогаш требаше некој да ги запишува тие изградби и успеси на заедницата, некој требаше тој успех да го запишува и испраќа не само по локалните новини во Австралија, туку и во сите гласила ширум дијаспората.
Љ. Поповска - Настаните изгледа сами по себе се одвиваа,станувајќи активист во Македонската заедница ,борејки се за Македонците,Македонија и Македонската кауза .Нешто повеќе за тоа.
И. Трпоски - Токму така. Самите настани го оформираа нашиот човек да се оформува во ацтивист. Зарем ако некој ти го негира твоето национално постоење, ќе бидиш глув, нем и ќе го премолчуваш тој жолчен гнев. Нема ли да му одговориш, нема ли да му покажеш тупаница, да го избербатиш до таа мера за да не му текне друг пат тоа да го рече. 
Љ. Поповска - Од 1979 година станувате член на Литературното друштво"Григор Прличев".Од кога постои тоа Друштво и кој беше инцијатор за негово формирање?Кои други активности ги обавувавте во списанието"Повод"?
И. Трпоски - Друштвото Григор Прличев е формирано во 1978 година, го формирала група вљубеници на поезијата, во која предначел сонародникот Душан Ристевски. Во списнието Повод покрај дописник сум бил и член во редакцискиот одбор до крајот на неговото објавување.
Љ. Поповска - Кај кој и од каде се роди идејата за формирање на библиотеката"Гrигор Прличев" и нејзино установување,прва од таков вид надвор од Македонија? Која е вашата улога и задача?
И. Трпоски - Уште со самото формирање на друштвото, членовите нашле просторија која требало да ја делат со другите заедници, па така почнала размена на книги кои подоцна биле сместени во шкаф и секој вторник навечср се собирале членовите и доброволно своите книги ги донирале во библиотеката, во која временски растел бројот на книгите. Потоа во соработка со Матица на иселеници и со Министерството за култура бројот се искачил на неколку илјади наслови, чии книжевен фонд од ден на ден расте и се зголемува.Со сигурност можеме да кажеме дека е прва од таков вид, бидејќи и ние сме самостојни, не сме под патронат на црковна или друга друштвена управа. Јас сум во неа библиотекар 38 години. Секој петок ја отворам во 18.30 часот И ја затворам по потреби на присутните.
Љ. Поповска - Како и кога навлеговте во тајните на поезијата која ве доведе да учествувате 1979 година на Манифестацијата"Млада Струга" ,а покасно и на Струшките вечери на поезијата во 1987,а 1995 на Манифестацијата"Мостови".Нешто повеќе за тој настан?
И. Трпоски - На една средба со тогашниот секретар на Матица на иселеници во Струга, ми предложи до колку имам песни да ичествувам на сто туку започнатата поетска манифестација Млада Струга - 1979 година. Да бидам искрен јас неколку песни што ги паметев ги препишав на хартија и со нив настапував на повеќе настани каде се одржуваа поетските читања. Оваа всушност беше и отскочната штица за поврзување со поетската манифестација, со Друштвото на писатели, со поетите од татковината, иселеништвото и светот. Послебеше полесно и за настапување на на манифестации, на фестивали, Мостови и за номинирање за награди... Па Струга е многу блиску до Волино, а и имам живеано во неа, па Мостот на Поезија сум го минувал илјадници пати, иако не сум се надевал дека три пати нед него ќе биде извикувано моето име од чиј мегдан ќе провејувал мојот глас по реката Црн Дрим и нејзините кејови.
Љ. Поповска - Каде почнавте со издавање на вашите литературни творби,било да е поезија или проза ?
Ваши песни се наоѓаат во повеќе Зборници и Антологии.Наведете во кои сте застапени.

И. Трпоски - Застапен сум во следните зборници: Видици, НашИ патеки, иселенички поетски меридијани, Охридски литературни творци од Прличев до денес и, Коти на копнеж и страст А застапен сум и  во следните антологи: Антологија на македонската поезија на англиски јазик, во австралиската антологија Лигаво огледало, Реунион, Отворени граници, а застапен сум и во Австралиската и Македонска антологии. Автор сум на следиве збирки песни: Површински корења, Големиот брод, Оковано море, Преселба на запад, поемата тодорка, Свитило, Меѓу две огништа Немирни ветрови, Љубовна имагинација, Зад синиот бран, Угреј сонце во мојот сон исто така посебна книга со ист наслов и на англиски јазик. Автор сум на патописните книги: По патот на сонцето во Македонија, Македонија моја татковина, исто така автор сум и на историската книга Македонските демонстрации во Австралија , на биографската книга Спасе трпоски - живот и дело и на последната книга збирка на мои објавени записи Македонија - не те забораваме. .
Љ. Поповска - .Вашата активност е неуморна.Организиравте Денови на Македонската култура во 1986,1988 и 1991во Австралија.Сте активни за доплнителна настава и учење на македонскиот јазик во Австралија.Кажете нешто подетално за останатите ваши активности(за фудбалот,хуманитарна помош,Волински вечери и др.)
И. Трпоски - Да бидеме покоректни, некои од активистите се раѓаат со љубов за да и помогнат на заедницата, други тоа го прават од инает. На пример, во организирање на Денови на македонската култура додека едни грчевито се борат тие за да се прикажат  во најдобар прием, други организираат паралелно и други Денови итн. Со еден збор не е лесно да се биде организатор, да се биде патриот, да се биде Македонец. Е сега мојата работа во повеќе друштва, асоцијации, селски, градски, фолклорни, литературни, училишни итн итн се тоа зависело од идеите колку тие им се потребни на заедницата.

Љ. Поповска - Член сте и на Австралиско-Македонски театар во Сиднеј.Како дојдовте да соработувате и на ова поле?
И. Трпоски - На ова поле дојдов од идеа дека скоро сите артисти ми се мои другари или пријатели, па покрај другарување со нив, ако не можам да настапувам на театарскиот подиум, можам да помогнам во нивна афирмација, да објавам запис за настанот, да го подгреам духот на читателите да дојдат и да ја проследа ја погледнат соодветната драмска претстава.

Љ. Поповска
- .Неизоставно е сета ова активност и твоето литературно творештво да е наградувана.Наведете ги наградите кои сте го добиле?
И. Трпоски - Бројни се моите награди, еве ке наброја некои од нив: Иселеничка грамота за најдобар поет од дијаспората, од Интернационалната библиотека во Бризбан за поезија, Македонско сонце за литературе и култура, Стојан Христов за најдобра поетска книга на автор од дијаспората, за Општествена дејност на општината Кентербери, за доброволна работа во заедницата од Комисијата за односи со заедницата на НЈВ, од Советот за Австралијанец на годината, од Општина Охрида за културни и хуманитарни врски со татковината, од општината Кентербери е прогласен за почесен граѓанин во 2010 год. Државна награда на НЈВ за општествени и хуманитарни работи, Сениор на годината за хуманитарни и општествени работи, награда за животно дело за работа во заедницата, награда за животно дело за работа во заедницата од Обединета македонска дијаспора, награда за животно дело Златно сонце за работа во заедницата, награда за животно дело и почесен член од Македонското литературно друштво Григор Прличев од Сиднеј, награда за учство на Преспанските иселенички средби, награда и афирмација на родното село Волино,награда со радиот Скидро во Сиднеј, награда за афирмација на македонскиот јазик и култура од Агенција за иселеништво на РМ, награда за за афирмација на македонскиот јазик и култура во дијаспората од Гратската библиотека од Охрид, награда за најдобра песна на конкурсот на Фајсбук порта лот и најмилата мој награда медал за заслуги за Македонија. 
Љ. Поповска - .Кои се вашите планови во иднина?
И. Трпоски - Се уште да работам и творам во моја и корист на македонската заедница во Сиднеј и Австралија.

Љ. Поповска - Од каде ја црпите таа сила и енергија,како да не знаете за умор,како да сакате секој атом од вашата енергија да ја посветите на Македонија,на Македонците кои живеат во Австралија,и да оставите свој,траен белег во вашето живеење како пример на останатите Македонци во Дијаспората?

И. Трпоски - Јас како Македонец со гордост работам за нашата заедница и нема никогаш неа да ја изневерам. Поради тоа јас сум ценет колку во заедницата во Сиднеј, толку во Австралија, а исто толку и во Македонија. Па само ако ви го опишам мојот одмор во Македонија ќе видите  на колку манифестации сум бил и со колку луѓе сум се дружел и соработувал. Тоа е она што мене ми дава елан за да истраам во работата.


Промоција на книгата “Македонија – не те забораваме“ од Иван Трпоски во Охрид на 20.8.2016 год.


Промоција во Охрид: промоторот Милчо Јованоски, програмерката Виолета Сековска и авторот Иван Трпоски 20.8.2016 год.

Разговорот го водеше Љубица Поповска
The interviewer - Ljubica Popovska Macedonian timeline

No comments:

Post a Comment