МАЈКА ТЕРЕЗА

Image result for mother teresa
Mother Teresa
(26 August 1910 – 5 September 1997)
On the eve of the 19th anniversary of her death, Mother Teresa's sanctity will be sealed with a canonization Mass led by Pope Francis at the Vatican's St. Peter's Square on the 4 of september 2016. She dedicated her life to helping the poor in India.
Автор: Љубица Поповска

Тиха насмевка се лее
ликот со добрина и' се смее.
Еве чест и дават
нејзината хуманост
ќе ја слават
светица ќе ја прават.

Папата Јован Павле II
во 2003-то лето
го најави канонизирањето
на нејзиното дело свето.
Македонија прати вест
на четврти септември
Делегација во Ватикан оди
на светицата да и даде чест.
Папата Франциско
во Ватикан пред цел свет
ќе ја прогласи неа за светец !
Горди сме во овој час
дека Мајка Тереза
- нобеловката е една од нас.
Родена во Скопје,таа
низ цел свет не' пренесе
нејзината слава.


Зачекори со чекорот на
добрината и хуманоста
и стана нова мугра
ново сончево утро
во немирните води
на секојдневието каде
мирот стана фатаморгана.
Со продуховениот повев
на молитвата,навлезе меѓу
загубените чеда-страдалници
по асфалтите,песоците,
калливите терени
за да ја растера
 темнината на осамените срца,
да ја воскресни светлината
надежта,
да ја воскресне љубовта
и ја расее како блажена жед
насекаде,
да ја воскресне човечноста
и да створи залив од неа
во човекот,
и со тивко чекорење
да навлезе во нивните светови.

Да го залечи
уморниот излог на светот.
Да ги лечи криковите
скриени во нивните души,
напукнатите животи,
напукнатото детство,
да ги храни гладните
да ги пои жедните срца
за љубов,
да ги прибере залутаните срни
низ светот,
да ги згрее со својата
топлина -добрина.
Со хуманоста да им го
украси нивното небо,
да им ги намали
болките,солзите,маката.
Нејзините зборови
нивни мелем на рани.
Пролетен ветер кој ги милува
осамените души на заборавот.
И како
тивок езерски бран
ги поеше нивните жедни срца
за љубов.

Самиот збор Мајка Тереза
со смиреност не' обвива
со добрина не капи
како роса не'освежува
и оваа песна како
Ода на хуманоста се гласи.
Нејзината добрина како извор
блика,
каде и да оди во себе ја носи
хуманата лика.

Да биде вечно благословена

МАЈКА ТЕРЕЗА !


Macedonian timeline

Comments