ОСМИ СЕПТЕМВРИ


Автор: Љубица Поповска

Македонија
8-ми Септември
Денот на независноста
го слави пак,
25 годинисвети
слободен,
самостоен
зрак.

А растеше низ
огнени виори
и бури.
Не се знае ни имиња
ни број

кои паднале за
Македонија
во бој.
Битки,борби на
комити,партизани,
бранители
смели,за денешни
слободараки
цели.
Сите тие во Храмот
Македонски на Историјата
се впишаа
со нивната крв
се потпишаа.

Три Илиндена
се наш КОД
кои ја потврдуваат
вистината за
МАКЕДОНСКИОТ РОД:
-Илинден 1903,
-АСНОМ и
-Осми Септември.

Ја славиме самостојноста
света,
славејќи ги и делата
на слободните 25 лета.

Есенски раскош
се разлева во шир
македонските срца
да се исполнат
со љубов и мир.

 Сплотени се срцата наши
за Македонија
од сите страни,
честитки,миг голем
миг свечен,
го славиме мајчиниот
корен вечен.

Чекори
Македонијо
само напред,
не дозволувај чекорот
да ти е запрен !

Macedonian timeline

Comments