КОЈ ОД ДИЈАСПОРАТА ЗАСЛУЖУВА РЕПУБЛИЧКИ ПРИЗНАНИЈА И “ОРДЕН ЗА ЗАСЛУГИ ЗА МАКЕДОНИЈА”?


Македонското движење од патриотската диаспора, се уште води грижа за активистите на македонските национални и политички организации, од пред осамостојувањето до денес. Посебни грижи се за  актуелните интелектуални лидери и раководства, на Македонски организирани субјекти, кои несебично ја афирмираат Македонската кауза, на национално, политичко, културно, историско, верско и други полиња, од општествениот современ живот во дијаспората-иселеништвото, како и нивните соработници - истомисленици од Македонија.
Според горното, бидејќи движењето нема досега своја званична патриотска организација или Македонски Национален Комитет, по државите каде живее македонската емиграција, што е причина од разни опозициони антипатриотски делувања, со кои се растурале постојните идеи во миналото и денес, нема услови да се наградат и пофалат – стимулираат заслужените патриоти-интелектуалци. Само останува еднинствено меродавно тело  за тоа, што е институцијата Претседател на Република Македонија.
Заслужни Македонци и странски државјани, од Македонско порекло, од диаспората-иселеништвото за ПРИЗНАНИЈА И ДРЖАВНИ НАГРАДИ СЕ:
Ѓоргија АТАНАСОВСКИ – Џорџ, од САД, оснивач на списанието “Македонско сонце”, “Македонска алијанса”, првиот споменик  во републиката, на Александар Трети Македонски во Прилеп, како и пружање  помош во дел на македонската економија и сл.;
Гордана ДИМОВСКА, од Мелбурн, Австралија, автор на Македонски патриотски дела-книги и поетични дела, како и активен наставник за  изучување на Македонскиот литературе јазик, при специјалните детски паралелки на македонската заедница, оснивач и претседател на Литературно друштво “Кочо Рацин”;
Душан РИСТЕВСКИ, од Сиднеј, Австралија, автор на Македонски театарски дела, организатор на престави во Австралијско Македонскиот театар, претседател на  КУ друштво “Григор Прличев” како публишер-издавач на книги од автори на Македонски историјски дела и сл.;

Бил НИКОЛОВ, од Канада, претседател на Македонско Меѓународно Движење за Човекови Права (ММДЧП) – Билл НИЦХОЛОВ, МХРМИ, инфоЖмхрми.орг, за лобирање меѓу Американските политичари и конгресмени, како и пред мегународната заедница, за користење на правата на Македонците од Егејска Македонија, кои се под шовинистичка Грција, како и за големиот интузијазам на ММДЧП за заштита на Македонскиот национален идентитет, уште од античко време и почитувањето на Уставното име  на Република Македонија.
Јорго КАПОРИС, од Сиднеј, Австралија, кореограф и промотор на Македонскиот фолклор во Австралија, го промовира спектакуларно македонскиот мелос. Јорго со своето фолклорно друштво и во соработка со промакедонски кореографи, музичари и фолклористи, како Линзи Полак и Дени Макензи од Квинсланд, Австралија кој настапува и на воркшопови-предавања (каде се изучуваат  методски Македонски Ора и песни), за Англиско говорните членови во постојните интернационални фолклорни друштва во Австралија. Досегашните деценијски одржувања на спектакуларни Македонски фолклорни концерти “Играј Оро” во Австралијските културни центри и на Мултикултурни фестивали и сл., го шират основното запознавање за постоењето на Македонски народ на Република Македонија и нејзината култура и со тоа интересот за  Македонскиот туризам;
Виктор БИВЕЛ, од Сиднеј, Австралија, уредник на книги и издавач на Политекон Публикации (Поллитекон Публицатионс), преку кои се промовираат и набавуваат пред се публикуваните книги на Македонски автори од диаспората-иселеништвото;
-Ангеле ВРЕТОСКИ, од Сиднеј, еден од оснивачите на Народна Македонска Револуционерна Организација (НМРО), во НЈВ, Австралија, еден од уредниците (заедно со Крсто ЈЕНЧЕВ ДИМИТРОВ) на популарното списание “Глас на Македонците”, во почетокот на 80-те години, голем подржувач на Драган Богдановски и ДООМ. Ангеле исто така е еден од оснивачите на Македонскиот Информативен Центар на Сиднеј, НЈВ и оснивач на Македонскота радио програма во поменатиот центар;
Игор АЛЕКСАНДРОВ, од Сиднеј, оснивач на Здужение на  Македонски  Православни Општини на Австралија (ЗМПОА), заштитник на МП Општини со црквите и манастирите одвоени од МП Епархија на Австралија и Нов Зеланд, раководена од владиката Петар Каровски, кој настојуваше да ги придобие за себе и своите соработници, а помогнат несватливото од раководство на ВМРО-ДПМНЕ  и СС на МПЦ-ОА!? Со визија за иднината, повекето Цркви и Манастири, кои се под раководство на ЗМПОА, мое видување, за да се соберат и тие верници кои се распрскани по Грчки цркви, а се Македонци од Егејска Македонија (Северна Грција)  и странски државјани од Македонско порекло, треба СС на МПЦ-ОА, да помогне да се оснива, во склоп на актуелната МП Епархија на Австралија, раководена од владиката Тимотеј и  ЗМПОА- МП Епархија на Беломорска – Егејска Македонија, составена од Македонски Цркви и Манастири изградени од Македонци од Егејска Македонија, познати како “Децата Бегалци”. Оваа нова Епархија, која званично би ја внела Македонската православна вера во полуасимилираното и денационализирано македонско говорно население во денешна Северна Грција, со градење на МП Цркви ке ги заштити етничките Македонци и ке створи услови грчките шовинистички политичари да ја признаат македонската националност и уставното име на Макдонија;
Игор ПАВЛОВСКИ, главен и одговорен уредник на весниците: “Австралиско Македонски Неделник” (АМН) и на “Денес”-“Тудај”, од Мелбурн, Австралија, за неделно информирање на македонското иселеништво, за национални, политички, општествени и економски  настани, во Република Македонија и во светот. Уредникот Игор редовно има контакти со интелектуални  автори на македонски литературни, историјски и прозни дела, како и со видни активисти по македонските организирани субјекти во НЈВ и Австалија. Најповеке Игор, а и сите тие, на свој карактеристичен начин, лобираат за правата на уставниот поредок на Република Македонија и за званично признавање на Уставот на Македонија од страна на Австралијска Федерална Влада.
Жаклина МИХАЈЛОВСКА – учителката, од Сиднеј, лингвист, автор на поетични дела, уредник на Мактел, учителка и организаторка на Просветни Школски одбор , за изучување на Македонскиот јазик на младите македонски генерации, во Сиднеј, Австралија и сл;
Перо ДАМЧЕВСКИ – Коцин, од Сиднеј, Австралија, еден од оснивачите на ЛД “Григор Прличев”, како и со  долгогодишно учество, на полето на организиране публикување и  промовирање на Македонски авторски   литературни дела во Австралија;
Планинка ТОМОВ – Нина, од Перт, Западна Австралија, за подршка на ТНМРО од Перт, прва Македонка која во крајот на 1986 година, на предавањето на д-р Норман Аштон, професор по историја и археологија на универзитетот на Перт, З.А., за време на неговото предавање за “Пронајдоците во Вергина”, организирано од грчката организација “Пан македоники”, во грчката општина, каде присаствуваа тајно неколку членови на ТНМРО, пришто поставување прашања на проф. Аштон, за македонскиот карактер на пронајдоците во 1971 година, каде беа пронајдени моштите на Филип Втори Македонски И ковчегот со шеснаесто зрачно сонце- античкото знаме на Македонија. Потоа за нејзината секретарска активност за подготовките за одржувањето на Оснивачкото Собрание на Огранокот на ВМРО-ДПМНЕ во Перт, на 19 август 1990 година, како и подготовките И одрзаната масовна  прослава во Ванеру Парк во Перт, за победата на ВМРО-ДПМНЕ, на првите плуларни Парламентарни избори во СР Македонија. Потоа за активноста на Нина,  секретарка-со редовен работен однос, на ново формираната етничка организација на Западна Австралија, во која членуваа сите етнички групи со преставници, од кои Коста Ангелков беше преставник-претседател  од МП Општина  на Перт. Нина  пружаше интелектуална помош,на Македонски и на Англијски јазик, на скоро се поврзано со моето учество во Македонското движење во Австралија. Преводи од Македонски на Англиски и обратно, како и за подготовка на плакати и транспаренти, за големата демонстрација пред грчкиот Конзул во Перт,одржана на 01.07. 1990 година.  После прославата , за победата на изборите во 1990 година, разочарани од раководството на Љубчо Георгиевски и Борис Змејковски, за некореспондирање со огранокот на ВМРО-ДПМНЕ на Перт и со  Коорданитивното тело на ВМРО-ДПМНЕ за диаспората-Австралија, во која заедно со Панко Стамкоски и Јонче Трајчевски ги организиравме и другите ограноци-Задгранични кометети во Австралија, заедно се повлековме, јас дадов неотповикана оставка,од функцијата претседател на огранокот на ВМРО-ДПМНЕ.

Заслужни Македонци од Република Македонија, кои соработуваат и кореспондираат со соодветни Македонци од иселеништвото за ПРИЗНАНИЈА и ДРЖАВНИ НАГРАДИ СЕ:
Маноил ЈАКОВЛЕСКИ - Мане, за обновување на најпатриотското списание “Македонска нација”, како портал на интернет, од 2009 година, кој со голем успех, како главен уредник, заедно со група едитори  го едитира, публикува и промовира овоа списание, кое за прв пат е оснивано во 1971 година и преку ДООМ во диаспората се публикуваше се до Осамостојувањето на Република Македонија;
Тодор ПЕТРОВ, претседател на Светскиот Македонски Конгрес (СМК), за активно публикување на правни написи, информации, званични предлози до Извршната и Наредбодавна власт на републиката, поврзани со правата од Уставот на Македонија, како и со  редовно реагирање на неправилностите од опозицијата и власта на Република Македонија.
Заслужни Македонски пионерски историчари-автори на историјски дела, од Република Македонија, специјално од Осамостојувањето на републиката, за обелоденувањето на вистинската Македонска Преисторијска и Античка историја на Македонците и на Македонија. Тие несебични пионери, на првите драгоцени историјски дела, користејки ги фактите од постоеќата литература, на антички и современи научниции и историчари, како и од најновите наоди од  археолошките локалитети на Македонија, наоди кои придонесоа  за рапидното зголемување  со историјски дела, на македонската Историографија, а за ПРИЗНАНИЈА, ДРЖАВНИ НАГРАДИ и ОРДЕН ЗА ЗАСЛУГИ ЗА МАКЕДОНИЈА СЕ:
Васил ИЉОВ, од Скопје;
Ташко БЕЛЧЕВ, од Скопје;
Ангелина МАРКУС, од Скопје;
Александар ДОНСКИ, од Штип;
Славе НИКОЛОВСКИ – Катин, од Скопје.
Можеби постојат и други Македонци и странски државјани од Македонско порекло, кои не ги познавам доволно како активисти на Македонското движење во диаспората, бидејќи не соработувале потребно со истото, или сами се изолирале, според условите на времето на Македонската национална прогресивност, а посебно на Демократско-политичко активирање. За разлика од тоа, секако е извесно, неприфатливо се запоставени или негирани, но имаат извесни видни заслуги индивидуално, преку активности на полето на македонското национално афирмирање во диаспората.
НА СИТЕ ВАС ПРЕДЛОЖЕНИ, ОД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕЊЕ, ВИ ПОЖЕЛУВАМ ДА ДОБИЕТЕ ПРИЗНАНИЈА И НАГРАДИ, ЗА ВАШИОТ ДОСЕГАШЕН ТРУД, ЗА ВАШАТА НЕСЕБИЧНАТА БОГАТА  МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНА И ПОЛИТИЧКА АКТИВНОСТ, ОД НАЈГОЛЕМИТЕ И ЗА ТОА ОДРЕДЕНИ ПРАВНИ И СТРУЧНИ  ИНСТИТУЦИИ НА ВЛАСТА, НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
СЕ НАДЕВАМ ДЕКА И СО ДОБИВАЊЕ НА НАГРАДИ ИЛИ БЕЗ НИВНО ДОБИВАЊЕ, ШТО ДОСЕГА БЕШЕ ПОГРЕШНО СПРОВЕДУВАНО ОД СТРАНА НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, КЕ ГИ ПРОДОЛЖИМЕ НАШИТЕ ИНТЕЛЕКТУАЛНИ СИЛИ, САМО ЗА СТАБИЛИЗИРАЊЕ, АФИРМАЦИЈА И ПРОСПЕРИТЕТ НА МАКЕДОНСКАТА КАУЗА, ВО РАМКИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
МАКЕДОНЦИТЕ И МАКЕДОНИЈА СЕ ВЕЧНИ И ПРОГРЕСИВНИ.

Автор: Јанко Томов 
Janko TOMOV, Brizben, Avstralija, 23 Oktomvri 2016



Macedonian timeline

Comments