МАКЕДОНСКА

Автор: Жаклина Михајлова
Војници имаме од опачината на тревата, 
војници се бараат од лицето нејзино, сега. 
Војници простум, цврсто да стојат
и мислењето без мислење да си го бројат.
Војници на јаве исправени, со мукает
во душата сончевина облеани, кристално
бистри и стројни, војници чесни,
чедољубиви, татковински, филјани,
војници генетски предодредени,
војници свои на своето, на огништето,
заљубени во сопственото,
во наследеното! 


Опачината на тревата
од последни здивови дише,
вришти, опоменува, проколнува и моли,
за здив на сегашните, на окостените,
за здив на преостанатите,
на не аздисаните
и со туѓи крилја накитените,
на забеганите,
за здив почитување,
добрина и верба
здив сончевина за корените ...
Ајде, на поклонение нашинци!

The poem Macedonian is written by Zaklina Mihajlova

Macedonian timeline

Comments