"ДУШЕВНИ БОЛКИ" - НАЈНОВА КНИГА ОД СВЕТЛАНА ПАПАЧЕК

,,Душевни болки,,
Светлана Папачек
 "Првата љубов е најубава, најневина, најслатка тајна која ја чуваш во срцето целиот свој живот". 
"The first love is the most beautiful, the most innocent, like the sweetest secret that you keep in your heart all your life." - Svetlana Papacek
А јас мојата прва љубов не ја чувам за себе. Таа е јавна. Ја делам со сите. Сакам сите да знаат за неа. Нејзиното име е ПОЕЗИЈА.
Јас живеам за да пишувам. Господ ми ја дал таа дарба. Сакам сите да ги читаат моите песни и раскази. Да ме запознаат мене, моите чувства, мојата болка и радост. - Авторката
Во склоп на ,,Женски активизам во 3 дена,,  по повод 8-ми Март беше промовирана третата самостојна книга со стихови на поетесата Светлана Папачек. Промоцијата се случуваше во НУУБ ,,Свети Климент Охридски,, во Битола, поддржана од истата и секако од Организацијата на жени на Општина Битола – Битола каде Светлана е активна членка.

Рецензијата е на Александар Ацески, стиховите ги читаше и е една од промоторките мојата драга пријателка Мери Арсовска. Лили Бошевска - Директорката на НУУБ ,,Свети Климент Охридски,, во Битола исто така беше моја промоторка.
,,Стихови, копнеж..но и надеж и сила за борба за своето што во себе го носиш. Да  вирееш и да цветаш во утрата после ладните ноќи и да ги рашириш рацете прегрнувајќи го новиот ден, изложувајќи го своето лице на сонцето да би те погалило.Стихови низ кои суптилно ве милува топол ветар кој допира и создаден е од еден копнеж  затоа што љубиш, тага..затоа што љубиш...надеж ...затоа што љубиш и ти...и сите со души отворени. Самотијата како отров наспрема еликсирот на љубовта,исконски што ја исцелува душата и подигнува до небесата каде им е местото на заљубените души, душите што целосно да љубат умеат ...танцувајќи некаде помеѓу ѕвездите и облаците ...помеѓу ѕвездениот сјај и солзењето на облаците создавајќи виножито на хоризонтот... Тогаш стих љубовен се создава,, - Александар Ацески 

Наместо вовед
 Постарите велат дека, кога на свет доаѓа женско дете, и стреите плачат.
Предвреме ја оплакуваат женската мака, бремето што треба да го носи на грб: дом, семејство, пород, смрт...Детски плач, невин и бескрајно мил, чисти солзи, жал за утробата каде има топлина, заштита, храна и љубов. Излез во светот – злобен и полн со ѕверови во кожа на луѓе. Предизвик да живее и да се справува со товарот. Низ животниот пат како девојка е осудена на самотија, но ја поседува моќта и на жената и на мажот. Самотијата ѝ ги открива своите тајни. Кога ќе ја открие и пронајде љубовта, таа создава живот. Се вљубува во маж со харизма којшто ќе ја сака, иако не ја разбира. Таа во него не гледа само тело, туку и внатрешните квалитети кои тој ги поседува. За неа тој е тајна. Предизвик е истражувањето што раѓа уште поголема љубов. Ја има храброста на оние на кои давањето им е единствен начин да примат. Тие се непресушен вруток од кој луѓето постојано пијат. Ако во изворот снема вода, таа ќе ја даде својата крв за да ги напои жедните. Секогаш.
Пред себе ги става другите. Кога тие се среќни и задоволни, срцето ѝ пее. Хармонија е она што сака да го постигне и да го задржи. Со време станува мудра. Тоа се открива преку предавањето, жртвувањето и страдањето. Ги впива болката и страдањето за да не им наштетат на нејзините сакани. Со мудри одлуки жената се справува со сите предизвици што ја пресретнуваат на животниот пат. Преку понижувањата учи. Во вечна потрага е по љубовта. Не се откажува, а тоа ја носи до победа.
Љубовта не е желба, знаење, ниту восхит. Таа е предизвик. Оган што гори, а не се гледа.
Жртва е за сите, а, сепак, е виновна. Да, виновна заради тоа што несебично ја дели љубовта. Но, внимавајте. Ако ја повредите, тука е крајот.
Таа има моќ да се трансформира. Ќе ги заклучи сите порти, ќе обвие бедем. На лицето ќе стави маска железна. Нема да ја даде својата крв, туку ќе ја пие од грешниците, создавајќи им болка и страдање. Љубовта ќе прерасне во омраза. Ќе го отфрли товарот на крајот од патот, закопувајќи го стариот живот. Ќе тргне по нов пат, отворајќи бел лист на којшто ќе почне да го пишува новото поглавје. Помудра и посилна навлегува во друго доба, позрела од кога и да е.

Авторката    

 Svetlana Papacek launched her third book of poetry "Heartaches"     - consists beаutiful poetry about yearning hope and strength to fight for everything in you. To flourish and bloom in the mornings after cold nights and widespread hands to hug the new day,and let the sun caress you face. 
Macedonian timeline

Comments