ИНТЕРВЈУ СО РОБЕРТ ДИМИТРОВСКИ


ИНТЕРВЈУ СО РОБЕРТ ДИМИТРОВСКИ
Јас себеси не се пронајдов во политиката. Сметам дека никако не сум политичар затоа што моето мислење го кажувам во изворна форма. Второто и поважно нешто е суштината на изреката. Најдобри патриоти ќе бидеме ако сопствениот потенцијал го искористиме во просторот во кој најдобро пливаме. 
Љ. Поповска -  На 1-ви септември се навршуваат 94 од раѓањето на Димитар Димитровски Такец. По тој повод а и како успешен син на својот татко го правам ова интервју.
Вие работите на МИТ Универзитет во Скопје: декан на факултет за менаџмент и проректор за меѓународни односи. Зошто оваа определба,оваа вокација и од кога?
Р. Димитровски - Дипломирав на правниот факултет на Универзитетот во Скопје, а во системот на образование сум од 1981. Првото и најдолго вработување ми беше во ЕМУЦ “ Ѓуро Салај  “ (денес Ѓорги Наумов) во Битола . Таму поминав 15 години од кои последните 6-7 беа клучни за натамошната професионална ориентација. Доаѓаат моменти кога човек малку се заситува и ја надраснува сопствената ориентација. Тогашниот подем од училиштето  создаде креативно-иновативна лабораторија од која произлегоадесетина доктори на науки и магистри.  Во 1996 год. го основавме Центарот за стручно образование кој како јавна установа се грижеше за унапредување на средното стручно образование во РМ. Јас по понуда од ЕТФ Торино, ја оснивав и 3 години ја водев националната опсерваторија за образование на РМ (постоеја 26 во Европа и 13 во Руската федерација). За жал и Центарот и Опсерваторијата поради досега необјаснети и неразбирливи причини беа затворени во 1998-99 година, што направи голема штета на образовниот континуитет и на Битола како образовно-културен центар. Верувам дека тоа се случи од незнаење и анимозитет дека се ситуирани во Битола. Понатаму Опсерваторијата ја ситуираа во министерството за образование а Центарот беше ре-основан десетина години подоцна.  
Љ. Поповска - Вие сте и доктор на науки. Ја браневте докторската дисертација во ЕЦПД во Белград.На која тема и кога.После ова како гласи вашата титула.Кој ви беше ментор и нешто за овај важен настан?

Р. Димитровски - Паралелно со работата во Битола, се запишав на подипломски студии, магистрирав и  докторирав на УКИМ Скопје во областа на менаџментот. Ментор ми беше проф. д-р Цветко Смилевски. Темата ми беше од областа на организацискиот дизајн на образовните институции. Првиот избор за доцент ми беше на ИСППИ Скопје (каде докторирав) како наставник на студентите на подипломски студии по дисциплината теорија на организацискиот дизајн. Континуитетот во високото образование го заокружив како еден од 12-те наставници кои веруваа во приказната за приватното високо образование во РМ. Во 2003 год. продолжив на ФОН (најпрво факултет) се до 2014 година. Во 2009 година бев избран во највисокото звање – редовен професор во трајно звање. Таму бев декан и пред заминување проректор за стратешки развој и човеки ресурси. Во 2014 год. ја прифатив понудата од МИТ Универзитет Скопје каде сеуште работам.  Во периодот од изминативе 20 години објавив 29 ракописи од кои мнозинството се универзитетски учебници и практикуми за настава и 1 учебник за средно образование.
Љ. Поповска - Оснивач сте на Меѓународната научна конференција (еден вид академија) единствена во регионот и пошироко.Целта е едукација,знаење и негова примена.Колку години веќе се одржува оваа конференција и колку пати годишно?
Р. Димитровски - Скоро целиот работен век се обидував да направам нешто повеќе и подруго од стереотипот. Најнапред се обидував во рамките на институциите да создадам настани кои ќе ги  обединуваат луѓето професионално определени во образовниот систем. За жал недоволен беше институционалниот осет за сето тоа. Како резултат во 2008 год.го оснивав Институтот за менаџмент на знаењето. Тргнувајќи од сопствените предиспозиции и потребата за трансфер на знаењето ориентацијата на Институтот му беше консултантски активности. Во 2009 год. заедно со Ветеринарниот факултет Скопје (декан беше проф. Мишо Христовски) и ИСППИ (директор проф. Јорде Јакимовски) ја организирав првата конференција за знаењето со наслов ,, знаењето капитал на иднината,,. Поминавме добро со 107 трудови и околу 70 учесници.
 Сето тоа се разбира во изминатиов период еволуираше, односно го прилагодував кон очекувањата и потребите. Така сега концепциски е доста изменето. Успеав да обединам (во моментов) 37 институции од 12 држави од кои 13 се универзитети а другите факултети и високи школи. Сега организираме 4 конференции годишно втемелени пред се на интернационална основа. Трансферот на искуства и вмрежувањето на институциите и наставниците се од непроценливо значење во натамошното работење. Тоа е една од поголемите придобивки од овие наСТАНИ.
Љ. Поповска - .Ги организирате" Конгресите на знаењата"околу Македонија на кои се презентираат над 200 научни трудови од повеќе земји и на кои присуствуваат и до 300 академски граѓани.
Кои резултати се видливи од овие Конференции ?(мислам на меѓусебната соработка,потпишување на договори и сл.)
Р. Димитровски - Основната синтагма е останата од првата конференција во 2009 г. (ЗНАЕЊЕТО КАПИТАЛ НА ИДНИНАТА) и та продолжува и натаму. Не беше лесноод причина на тоа што за работата нема никаква подршка од институциите надлежни за тоа. И бизнис заедницата, со ретки исклучоци со оглед на состојбите на перманентно опстојување ретко се вклучува. Заради тоа проектот мораше да се движи во насока од самофинансирање со цел да добие одржлива форма. Секогаш е потребно да се почуствува потребата и интересот на учесниците од повеќе аспекти. Чуството дека сте направиле вистинска приказна која некој ке сака и да ја проследи доаѓа дури на крајот и нема само квантитативнадимензија.  Ако нештата не се вистински, навремени и соодветно наменети пораката ќе отиде во празно. Конференциите во РМ (поа и пошироко) немаат некое големо и славно искуство. Зборувам за оние на кои учесниците самостојно партиципираат. Оние кои се организирани со голема материјална поддршка немаат проблем. Но тие се ексклузивни и многу малку. Мене намерата ми беше да создадам балканска препознатливост, но тоа не е настан. Тоа е долг процес. Процесот на тоа создавање најнапред на градење на односи на лична индивидуална основа. Зголемувањето на кругот на познати, пријатели и соработници го движам повеќе од 30 години на национален и над 25 години на интернационален план. Моментот кога решив да се впуштам во растење или пропаѓање на изградениот меѓународен кредит беше многу долг-траеше цели 4 месеци, во кои сам себе се испитував што, колку и како можам да направам. Бев испречен пред многу дилеми но намерата да истраам, потребата која ми беше видлива како и мислата дека сум спремен надвладеаја,
Приказната која се движи веќе од стадиум на ,,позната,, доби статус на етаблирана и посетена. Последните 5-6 конференции во просек имаат над 200 трудови и околу 270 учесници. За ваков тип на настани во наши размери е респектибилен квантум. Уште повеќе, создадов на некој начин саем на знаењето и образованието во кој се забораваат суетите и се протежира соработката. Многу спогодби и проекти ја имаат тука иницијацијата кое за нас организаторите е поттик повеќе за натаму.
Љ. Поповска - .Кога е следниот"Конгрес на знаењата",дали сте во подготовки и каде ќе се одржи ?

Р. Димитровски - Институтот за знаење е во постојана подготовка. Конференциите доаѓаат многу брзо – на секои 4 месеци. Во Агиа Триада (близу Солун)  во времето од 7-9 октомври 2016  ќе се одржи десеттата научна конференција THE POWER OF KNOWLEDGE . Настанот ќе биде во два хотели со капацитет од до 400 лица. Веќе имаме најава за присуство од БИХ, Црна Гора, Србија, Косово, Бугарија, Унгарија, Хрватска, Грција, Индија и секако Македонија. Научниот комитет е составен од близу 100 познати имиња од 22 држави. Очекувам повеќе од 300 учесници и   околу 250-270 трудови.

Љ. Поповска - .Сето предходно кажано води кон мислата на Димитар Димитровски Такец дадена во "Перформансите на Широк Сокак"...За подвизи потребни се генетска предодреденост и времето во кое живееме." Како вие гледате на вашата генетска поврзаност со вашиот татко Димитар Димитровски Такец ?
Р. Димитровски - Секако дека е така. Ноенетиката не значи само пренос по биолошки пат. Мислам дека амбиентот во кој се наоѓаме дополнително не моделира. Не секој сака нови предизвици. Повеќето од луѓето го сакаат комодитетот на сигурноста и најчесто за оние кои направиле нешто повеќе се чудат кога тоа го успеале. Оттука и ја црпам предиспонираноста. Уште како мал кога живеевме во 2 соби гледам дека таткоми оди на работа, се враќа оттаму и продолжува да работи. Не само дење кога публицистички  беше ориентиран. Сликите (за сите 17 самостојни и многу други заеднички ликовни настани во кои беше активен чинител) ги создаваше ноќе. Тоа е амбиентот или културата на живеење која ја усвојувате. Во тоа време ретки беа куќите во кои секој ден доаѓаа по 6-7 весници кои исто така ве моделираат на свој начин. Во шега честопати ќе речевме ,,дури и само насловите да ги прочиташ,, креираш поинаков поглед. Кога на сето тоа ќе се додаде уште и евентуалната иновативност, креативност и желба за нешто повеќе од вообичаеното ќе настанат и повисоки нешта. Но морам да кажам и дека никогаш во семејството не беше создаван дух дека членовите мора да го направат тоа и тоа. Иницијацијата на случувањата подгреана од предиспозициите сами си доаѓаа. Затоа и сферите се веројатно различни (тука би го додал времето и просторот како генератори) за секој кој сака да направи чекор повеќе. Кога во 203 година дојдов од Битола да работам во Скопје на многумина им беше чудно. Јас на сериозна возраст бев спремен да се соочам со предизвикот на неизвесното. Сигурноста ја заменив со борба која за човекот е вообичаена до неговите четириесетти.
Љ. Поповска - Издавате научни трудови,пишите колумни,во кој правец се одвиваат вашите активности.Која е допирната точка меѓу делата на Такец и вашите ?
Р. Димитровски - Да, веќе напоменав дека имам издадено 29 публикации. Учествувам на научни конференции, член сом и рецензент на научни списанија во МК и во странство. Колумните (јас би ги нарекол реминисценции) се резултат на настани на кои реагирам во сопствен стил. Кога имам инспирација од или за нешто кое е значајно најчесто во 15 мин. До половина час го пишувам текстот на компјутер и го оставам во мојата архива. Конечна доработка ке доживее пред издавањето. Тоа ќе биде мојата 30-та книга со наслов ТОА СУМ ЈАС. Во неа ќе има поезија, проза и афоризми. Пишуваните текстови често ги читам на дел  од моите колеги. Со Такец честопати разменувавме мисли на критичка и развојна основа. За она што тој го работеше и она кое јас го творам. Добро е што се реализиравме често блиски но и во паралелни творештва па така се надополнувавме. Како и јас и тој секогаш беше во јавните настани и случувања во општествениот и културниот живот на Битола. Немаше ниту една манифестација во Битола во која не беше активно вклучен. Музички настани (на текст од новинарот Спиро Мачевски беше композитор на  првата македонска забавна мелодија по втората светска војна) ликовни настани (член на ДЛУБ и ДЛУМ), сите битолски друштва и фестивали (Илинденски денови, Манаки) и учесник во РМ и странство. Хроничар на севкупното општествено, политичко и културно живеење на Битола и пошироко.

Љ. Поповска - Мотото на незаменливиот и единствениот Такец беше "Македонштината ја подразбирам како достоинство,а не како шовинизам." Какво е вашето мислење по однос на ова прашање ?
Р. Димитровски - Секогаш кога говореме за тоа прашање во преден план беше неговата баба Васа, која во семејството го вградила чувството за себепрепознатливост на национална основа. Не дека остатокот од семејството бил поинаку ориентиран. Нејзината свесност за реалното и идно кое доаѓа влијаело и врз него. Нејзин бил придонесот Такец да биде испратен да студира. Мора да се признае дека е тешко од занаетчиско семејство со многу синови снаи и деца во 30-тите години на минатиот век некој наместо да работи да го испратат ,,да троши пари,,.  Оттука и тргнува неговиотинтелектуален растеж кој секако си имал основа која тлее. 
Секогаш беше национално свесен но не и заслепен. Со реална концепција, јасна мисла и конкретен став. Својот однос кон Македонија, изграден во семејната заедница не само што јасно го изразуваше туку и го вгради во македонската историја. На крајот сепак остануваат имињата и достигнувањата а не материјалните вредности. Тоа беше неговата основна порака. Идеалното го исфрлаше секогаш во преден план а материјалното му беше доволно во форма за нормално преживување.  Често ми говореше ,,јас не направив куќи и палати оти бев ориентиран да оставам нешто кое ќе постои и тогаш кога ќе ги снема материјалните вредности. Мислам дека наполно успеа во намерата.
Требаше и идеја и храброст и... но откако знам за себе јас отсекогаш сум работел по 2 работи што вреојатно е и потреба за дополнување на просторот на самореализација.
Љ. Поповска - Вие сте и голем Македонец. Која е вашата борба и придобивка ?

Р. Димитровски - Ќе се послужам со една изрека од Душан Радовиќ - ,,пред да станеш нешто треба да бидеш некој за да има каде да се вратиш ,, Јас себеси не се пронајдов во политиката. Сметам дека никако не сум политичар затоа што моето мислење го кажувам во изворна форма. Второто и поважно нешто е суштината на изреката. Најдобри патриоти ќе бидеме ако сопствениот потенцијал го искористиме во просторот во кој најдобро пливаме. Ако секој од нас го достигне сопствениот плафон индивидуалните импакти на севкупно национално ниво ќе имаат синергетска вредност. Дури е подобро честопати и да не се направи нешто одоштода се создава негативен импакт Ете на пример: Такец беше и остана единствен релевантен и автентичен хроничар на Милтон Манаки со екслузивна можност за непосредни информации на средбите на кои како мал и јас присуствував. И тоа е патриотизам нели. Но и пред да си замини доживеа да не биде поканет на отворањето на фестивалот во 2014 година. Како еден од оснивачите и двигателите на неговата афирмација, присутен активно од самиот почеток не му беше право. Но разликата меѓу тој што канеше секако времето ќе ја исправи. Сигуре н сум дека ќе нема каде да се врати. Ако наместо нешто си бил ништо си се изгубил во просторот. Должноста на интелектуалците е да остават свој белег. Колку позначаен толку е поголем и придонесот. Во таа насока се гледам и себеси.

 Љ. Поповска - Дали сега кога го нема Такец, вашиот татко за кој бевте многу приврзан,го чувствувате ли крај себе,со неговата неисцрпна енергија и верба да се оди достоинствено напред?

Интервјуто го водеше:  Љубица Поповска
Macedonian timeline

Comments