ПРОМОЦИЈА НА ВТОРАТА КНИГА НА “ЕГЕЈСКА СОЛЗА"


Вчера во дворот на ресторанот “Момир“ ОХРИД  имавме ПРМОЦИЈА, на романот „ЕЕЈСКА СОЛЗА“-книга Втора, (на Mакедонски и Грчки јазик)
Издавач Сојузот на Македонците од  Егејот- Македон.  Автор Ванѓелко Лозаноски. Рецензенти Анита Динмитриовска,  Соња Змејковска.(на македонски и грчки јазик) За издавачот Ташко Јованов, уредник  Александар Ѓоргиев,  превод на грчки  Димитар Јоану Лектор Зорица Велкоска. Во редовите на љубители на напишаниот збор имаше посетители од  Воден, Лерин,  Овчарани, Солунско. Присуствуваше  актерката Шенка Колозова и претседателот на КУД „Вапцаров “ од Скопје.....
Самото име на ресторанот –Момир, ме врати во доселување од Солунско, во Белица и сега ми се осветлува мојата љубов кон Егеј, се влева во мене од моите претци, Присуството на Македонците од Егејска Македонија , ме мотивира да се исправам и  со  мојот говор да ја отворам првата ПРОМОЦИЈА на мојот роман Егејска солза,книга втора.  
,,,Патот на овој роман на кој работам над 10 години, има своја интересна приказна..

Не случајно читателите на овие романи ги насолзуваат очите на читателите, се восхитуваат на подвизите од главните јунаци на романот Ангел и Ана... Нивната љубов движечка сола која врви низ кањонот од животот, од играта на прогони, до сонувани љубезни прегратки, од пад, до возвишеност. Се негираат, прогонуваат се бараат, налетуваат на отворени домови во Солунско, во Атина, Преспа, во Ерусалим. , Охрид...
Од падот до  ѕвездените височини. Кога Ангел беше во падови, искушенија, ползаше во прашината и подземните води...
Ана, се исправаше  беше самовила, ангел која го подигаше и пловеа до ѕвездите...
 Кога Ана беше во крстопатите, како ангел Ангел слетува, да ја пречека во своите прегратки и заедно да пловат кон СОНЦЕТО...
Зора, мајка му на Христос кога и се кине срцето кога и ги откинуваат децата од прегратките,по низа госини , повторно се везе нејзиниот живот со своите блиски-најмили. Првин со Ангел, се враќа во животна радост , а потоа едено по едно во гнездото се враќаат децата на Зора, во светиот дом, која таа успева да го одржува додека секојдневно е посетувана од грчката полициуја.
Но и  во грчката полиција има почит кон Јане, јунакот на македонската револуција во Егеј.Почитување и кон неговото сдемејство. Едни ја прогонуваат, други  ја бранат и заштитуваат. За да опстои и да се исправи и опстои.
Зора  добива сили од храбрите Македонци и од љубезните Грци кои ја подржаа со нивната добрина и храброст, по цена да го ризикуваат и својот животи.
 Теодорос спасен од Јане,дава заклетва дека ќе биде заштитник на семејството на Јане и останува доследен во неговиот живот. И е ретка херојска сила- заштитник на Ангел и Зора
 Романите егејска сила се книги на силната љубов на богољубието и човекољубието ...
Светот е убав и преубав  со сите народи, како небото со ѕвездите.

Macedonian timeline

Comments