АВСТРИСКИОТ ЦАР ЛЕОПОЛД I ЗА МАКЕДОНИЈА

Австрискиот Цар, Леополд први. уште пред повеќе од 300 години не само што го спомнува македонскиот народ како посебен на Балканот туку и јавно прокламирал дека го става под своја заштита.
На 6 април 1690 година, Цар Леополд објавил Манифест и им се обратил на сите народи и земји на Балканот. Во Манифестот пишувало - ги повикувам сите народи, населени низ Албанија, Сербија, Мизија, Бугарија, Силистрија, Илирија, Македонија, Рашка, кои стенкаат под турскиот јарем, да одговорат на нашата побожна и татковска желба..да преминат сите на наша страна и да заземат оружје против Турците, за спас и ослободување и за напредок на хриситијанската религија.
Дваесетина дена подоцна,, на 26 април 1690 година, Царот Леополд, издаде Заштитно писмо (напишано на латински како и манифест) во кое тој конкретно се обраќа до Македонците.
Еве извадок од тоа Заштитно писмо:
‘Со ова известуваме дека двајца Македонци, Марко Карида, роден во Косана (денес Кожани) и Димитриј Георги Поповиќ, роден во Македонски Солун, ни изложија колку македонскиот народ, поради почит кон нашето најправедно дело, а со ревност кон нашата служба, со сериозна намера е готов да премине, поради преголемиот турски јарем, под наша заштита, доколку му биде дадена нашата милост и сигурно покровителство. Поради тоа согласно со нашата вродена добрина, милостиво го прифаќаме и го примаме под наша царска и кралска заштита, љубезно препорачувајќи им, поединечно и на сите наши воени заповедници, да не го напаѓаат споменатиот македонски народ, ниту да му причинуваат непријатности, туку според силите, секогаш и во секоја околност, да го заштитуваат, бранат и да му помагаат за таа цел. Воопшто, да му овозможат нему сигурност и увереност за да запазат повеќе наши царски и кралски права и слободи. Исто така допуштаме, со претходно знаење и согласностна нашиот тамошен главен командант, да се собираат во одред и одделно да дејствуваат или да се поврзат со нашите, за да можат така да имаат сила да се борат против заедничкиот непријател. За таа цел тие ќе се пријавуваат кај споменатиот командант, па според неговите наредби, со божја помош, нека ги чуваат нашите краишта за општо добро. Секој според силите да не пропушти во секоја околност да соработува. Дадено во Виена на 26 април 1690 година‘.
Ова се неверојатни податоци, документи од нашето историско минато кои допрва ќе се откриваат и ќе кажуваат за Македонија.
Објавено и во Македонска нација http://www.mn.mk/







Comments