Skip to main content

Posts

Showing posts with the label Macedonia

НЕВЕРОЈАТНИ ЗАПИСИ ЗА МАКЕДОНИЈА

Македонија е опишана од страна на голем број светски патописци, новинари како земја во која постојано нешто се случува. Се чини дека од секој континент во светот постојат записи за некој период од македонската историја но највпечатливи се записите за случувањата во Македонија за време на илинденското востание. Во периодот 1903-1904 година, по Илинденското востание, условите во Македонија биле значително лоши. Над Македонија како да надвиснале црни облаци, земја со вечни метежи, безредија од непрестајни битки и крвопролевања. Соседните земји, Србија, Бугарија и Грција како птици грабливки.Постојано вршеле пропаганди врз македонското население. Најчесто тоа го правеле преку нивните прпагандни инструменти, црквата, училиштата. На тој начин, видливи биле нивните претензии кон Македонија. Македонското население во тоа време живеело многу разединето, измешано со други народи, племиња, верници па така и големи тешкотии да се сплотат во една цврста заедница, и да се поддржуваат во борбата з...

A Brief Look at the Macedonians from Greece

Dime Merakovski´s Autobiography   Risto Stefov October 27, 2011 I was born on March 12th, 1938 in the village Kladorobi, Lerin Region, Aegean (Greek occupied) Macedonia. I lived in turbulent times and poverty through the Second World War and through the Greek Civil War and spent my childhood in my native village until I left for Australia at age 17.  The Greek fascist terror in Greek occupied Macedonia forced many Macedonian families to leave their native homes and find shelter and peace abroad. My family was one of those families at the forefront of Greek terror.

MACEDONIAN FOLKLORE

Macedonian music is described as being a product of its unique geographical position, "a crossroads between East and West".Macedonian folklore bursts with rhythms, fast dancing steps, colorful costumes, vigorousness, and beautiful songs, and is always quite striking. Macedonians danced and created folk dances (ora) both in sorrow and in joy, in suffering and in pleasure. So, themagnificent folk dances (ora) are an valuable heritage to Macedonian folklore    T hese, adapted to present conditions and grouped into series, are danced and presented throughout the country and the world. Numerous dance ensembles study the Macedonian folklore throughout the country and the world (in the Diaspora) and promote their motherland. These range from the slow teshkoto, or "heavy" dance, to the exuberant sitnoto, or "tiny-stepped dance." The dances just like the costumes are colourful and vary from area to area. The list of dances from the region of Macedo...

Од записите за битката на Херонеја

Од записите за битката на Херонеја од историчарот Диодор Сикуло за Филип Македонски      (IV.II.2)  Од записите за битката на Херонеја од историчарот Диодор Сикуло за Филип Македонски запишал : “Дочекувајќи ги атињантите на Херонеја,Филип изглумил повлекување. Стратокле водачот на атињаните им наредил на своите војници да нападнат, викајки: ''Ќе ги гониме се до срцето на Македонија'' а Филип мирен набљудувајќи ги извикал: ''атињаните не знаат да победат''. Тој и нареди на својата фаланга да биде збиена и цврста и да се повлекува полека, заштитувајќи се со штитовите од нападите на непријателот. Кога тој со овој маневар ги навлече надвор од нивната подобра позиција и со тоа доби надмоќ, и ги бодреше своите војници за силен напад.Така тој го уплаши непријателот и ја освои величествената победа. Сребрените Kопја На сон на Филип Македонски му некој му рекол: Ако се бори со острица од сребро ќе  освои се. Така ги формира ''Cребрените Kопја...

ЗАЛОГ ЗА СЛОБОДА НА МАКЕДОНИJA

Извадок “ Есента 1894 година во Штип, каде бил учител Даме Груев, пристигнале Гоце Делчев и неговиот другар туше Делииванов. Уште со своето пристигнување Гоце внел нов дух и нов живот во развитокот на револуционерното движење. Тој го раширил кругот на учесниците во револуционерните групи, откако привлекол сиромашни еснафи и работници од маалото Ново Село, во кое тој бил учител, а исто така и селани од целата штипска околија. Секоја саботна вечер тој излегуваше од Штип, преправен или не, и се враќаше в недела навечер или в понеделник наутро...со доаѓањето на Гоце се изменил карактерот на организацијата. Скриената, конспиративна дејност на дотогашните мали групички, тој ја преобразил во пирока илегална дејност. Надарен со здрав национален усет, Гоце јасно согледал дека во единството на сите Македонци лежи залогот за слободата на Македонија како самостојна политичка единица. Пред неговата убедлива проповед во името на заедничкиот идеал, исчезнуваа вештачки создадените национални неп...

Македонија, лулка на писменоста

Пишува: Ванѓелко Лозаноски Старомакедонскиот или античкиот македонски јазик е јазикот на античките Македонци. На овој палеобалкански јазик зборувало населението во Античка Македонија во текот на првиот милениум пред Христа. Иако нема многу сочувани текстови за овој јазик, сепак постојат доволно докази кои го потврдуваат неговото потекло. Тој е пронајден на монети, на лексиконот на Хесихир Александриски (5. Век), кој содржи околу 700 зборови и имиња.  Научниците од Македонија и светот приврзаниците на македонистиката дефинитивно им зададоа удар на сите оние кои мислеа и се бореа да докажат дека античките Македонци биле неписмени. Напротив се докажа спротивното дека Македонија од пред нашата ера е извор на писмо,просвета и култура. Таа како цивилизирана земја и најстара држава во Европа, основана по сите норми,белези и карактеристики на цврста држава со своја иторија, традиција, култура јазик. Со цврсти државни иституции и со своите оберазовни кадри зрачи зз описменување и прсве...

ХИЛМИ ПАША ЗА ВМРО

За ВМРО во интервјуто дадено на парискиот „Ле матин“ (од 27 ноември 1904 година) Хилми-паша изјавил: „Тука веќе осум години е создадена една тајна организација која е разгранета не само во големите градови туку и по селата... Нивното нефаќање и неказнување на нејзиното членство е обезбедено и од фактот што е поддржана од интелигенцијата насекаде во земјата каде што доминира... Фанатизираните револуционери се 10%, најмногу 15%. За жал, ова мало малцинство е составено од мудри и образовани луѓе, кои се наметнуваат со терористички средства.“

АНТИЧКАТА ШКОЛА ПЕЛА

Пишува: Ванѓелко Лозаноски “Аристотеловите дела, методи и просветителска дејност во Пела ја организираше македонската научна мисла, која го огреа светот .“ Македонската, античката школа Пела, научниците ја премолчуваат, но сепак низ историските извори ни даваат драгоцени податоци за нејзиното успешно работење, од основање, наставата, наставната програма, наставниот кадар, предметите, без поконкретни објаснувањеа. Посебно внимание на античките македонски училиштата и школите им посветува Ангелина Маркус, со посебен осврт на Александриската медицинска школа, која се надоврзува на античката школа Пела, со учебници и наставен кадар од Македонија. Ако не постоеше Македонската античка школа Пела, не можеше да се основа ни Александриската медицинска школа, за која пишува научникот посветен на антиката Ангелина. Таа во втората книга "Македонски древни вредности", зборува за постоењето и работењето на три школи и тоа: МУЗЕУМ, ГИМНАЗИУМ - средно образование и ЛИЦИУМ - виша воена Школ...

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ - ВОИН, ВОДАЧ И УЧИТЕЛ

Пишува:Ванѓелко Лозаноски Тhe Macedonian Empire built by Alexander the Great is the one of the greatest empires ever built by man! Средбата на Аристотел со младиот Александар се прикажува како „еден од најголемите моменти во историјата на човештвото.”Аристотел овозможил да Александар стане: генијален, херојски настроен војсководец и обединител на Азија и Европа. А Аристотел несомнено прераснал  во генијален филозоф, со научна мисла .  Во малото место Миези, во внатрешноста на Македонија, во градот Нимфеон, идниот крал и неговите другари врсници биле воспитувани во хеленски дух. Аристотел не сметал дека на идниот владетел му е потребна посебна настава која практично би го подготвувала за должноста која го чекала. На часовите по гимнастички вежби, јавање, лов и игри се надоврзале со поезијата, ораторство, географија, историја. геометрија, астрономија, реторика и еристика.

АРИСТОТЕЛ ВО ПЕЛА

Пишува: Ванѓелко Лозаноски Филип и Аристотел биле познаници пред Аристотел да е назначен за учител во Пела. Во кралскит двор се чувствувал како во неговиот роден дом, зашто татко му му бил лекар на кралот. Филип како крал, колку и да бил поплавен од раководење на државата, најдувал време да се сретне со Аристотел, од кого можел нешто да научи за политиката, водењето на државата, зашто дотогаш светот немал таков човек дар од науката. И кралот македонски Филип и светскиот научник Аристотел имале големи идеали. Филип мислел да го освои светот, а Аристотел светот да го зголеми со низа науки. Нивните дискусии имале космички димензии. Филип помагал со средства за реформа на образованието во Македонија, а Аристотел го подготвувал својот тим за реформите да бидат успешни. Архелај уште со преселбта на престолнината во Пела, во новата кралска престолнина се вселија учители, поети, уметници, културни дејци итн. Во таа културно - просветна кралска екипа беше македонскиот поет Аррибаиос, кој ги...

СЕЌАВАЊА ЗА ЈАНЕ САНДАНСКИ

За тоа дека Јане Сандански не беше само Војвода и борец за слобода на својот народ, зборува и записот од киднапираната придужничка на Мис Стон , Катерина Цилка. Опис што ја насликува душата на Сандански, но веројатно и душата на македонското движење од тоа неверојатно ужасно време Таа се породила на 22 декември 1901 година а бебето било крстено Елена, во чест на Мис Стон. По породувањето, Катерина Цилка ја измачувала мислата за тоа што ќе се случи со нејзиното бебе. „Несреќно ми бебенце“, се сеќавала на размислувањата во тие моменти, „бесценето мое, што ќе стане со тебе? Ќе те поштедат ли овие луѓе кога нема да се потчиниш на нивното ‘Пст!‘ и ‘Тивко!‘? Бебињата и нивниот плач се најслатката магија на светот, но и најнесаканото нешто кај разбојниците“, си велела таа прашувајќи се во првиот час по породувањето каде се четниците. Се плашела дека четата всушност се советува за тоа како да и го одземат детенцето. Нејзиното размислување го прекинало чкрипење на вратата. Влегол најмладиот...

МАКЕДОНЦИТЕ НЕ СЕ ГРЦИ

За да се побијат грчките искривени ‘факти‘ дека древните Македонци биле Грци, голем број научници излегуваат со свои научни трудови и го докажуваат спротивното. Најголемиот познавач на античката историја, Д-р Јуџин Борза пишува: Македонската историја ги предизвика оние кои сакаа да дознаат како овој народ успеа да достигне толкава историска големина. 'Најголемиот дел од древна Македонија бил вклучен во модерната грчка држава дури во 1913 година и таа била политички чувствителна област во релациите помеѓу атинската власт на југ со своите не-хеленски соседи на север'.Излегувањето на површина на податоците за етничката засебност на древните Македонци и денес е попречувано поради низа објективни и субјективни фактори. Како прво, податоците од древните наративни извори за Македонците во голема мера до нашево време стигнале преку записите на нивните непријатели. Овој факт го признава и грчкиот археолог, проф. Фотис Пецас. Во својата статија 'Едно свинче-патешественик', ов...

АВСТРИСКИОТ ЦАР ЛЕОПОЛД I ЗА МАКЕДОНИЈА

Австрискиот Цар, Леополд први. уште пред повеќе од 300 години не само што го спомнува македонскиот народ како посебен на Балканот туку и јавно прокламирал дека го става под своја заштита. На 6 април 1690 година, Цар Леополд објавил Манифест и им се обратил на сите народи и земји на Балканот. Во Манифестот пишувало - ги повикувам сите народи, населени низ Албанија, Сербија, Мизија, Бугарија, Силистрија, Илирија, Македонија, Рашка, кои стенкаат под турскиот јарем, да одговорат на нашата побожна и татковска желба..да преминат сите на наша страна и да заземат оружје против Турците, за спас и ослободување и за напредок на хриситијанската религија. Дваесетина дена подоцна,, на 26 април 1690 година, Царот Леополд, издаде Заштитно писмо (напишано на латински како и манифест) во кое тој конкретно се обраќа до Македонците. Еве извадок од тоа Заштитно писмо: ‘Со ова известуваме дека двајца Македонци, Марко Карида, роден во Косана (денес Кожани) и Димитриј Георги Поповиќ, роден во Македонски Солу...

MACEDONIAN ANCIENT ROOTS

I conquer the world for Macedonians! Alexander The Great Macedonia existed as an independant state as early as the ancient period. It was located on the territory known by the same name. Ancient Macedonia has bordered with Greece in the south, Epirus in the west, Illyria in the northwest, and Thrace in the east. In the 6-th century Macedonia did not have close contacts with the Greek state and culture. When the social development started, Macedonia became a class society that started uniting its territory divided into separate refions on the basis of political unification Alexander (489-454 B.C.) was the first to unite Macedonia. Archelaus (431-399 B.C) had the task to consolidate the process of centralization by introducing monetary and military refoms. Philip II (359-336 B.C) reorganized the military and annihilated the separatist tendencies. He defeated the Greeks at the battle of Chaeronea (338 B.C) thus delivering a decisive blow to the anti-Macedonian coalition and raising Macedo...

АПЕЛ ДО ПАРИСКАТА МИРОВЕНА КОНФЕРЕНЦИЈА 1919

Македонскиот народ има до лга и бурна историја низ која помина секакви премрежја, најтешки предизвици. Постојано се бореле за свое место под сонцето, постојано се бореле за национална слобода, за самостојност. Македонија како да водеше вечна борба меѓу темнината и светлината и која постојано се пренесуваше од една на друга генерација. Секоја генерација се бореше под различни услови и околности, но и со различни судбини. Безмилосно се спроведувани најразлични методи на уништување на националната свест за самостојност, македонскиот народ не потклекна и не се помири со роувањето. Секогаш се бореше против поробувачите да го сочува својот идентитет, јазикот, црквата, обичаите, традицијата, т.е сите белези кои ја обележуваат македонската нација како посебна. Денес треба посебно да го потенцираме тоа што македонскиот народ никогаш немаше претензии за освојување на територии како што тоа го правата нашите соседи. Напротив, секогаш се борел и се бори за да си зачува својот идентите и да го зазе...

АЈДУТСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА

За време на турското владеење во Македонија, животот бил неподнослив.Со текот на времето социјалните, верските разлики меѓу народот и завојувачите станувале се поголеми. Тоа било причина и за појава на разни форми на отпор. Се спротивставувале на исламизирањето кое заземало се поголем замав.Ги давале своите животи но не дозволувале да бидат потурчени. Таков пример е горењето на Ѓорѓи Кратовец во 1515 година на плоштадот во Софија, а потоа била погубена и Злата Мегленска. Kако што е познато Злата Мегленска била грабната од еден Турчин и се обидувал да ја потурчи но таа пружала отпор и му рекла “Јас верувам во Христа и нему му се поклонувам и само Него Го знам како мој младоженец. Од Него никогаш нема да се откажам дури и ако ме ставите на илјада маки или ако ме исечете на ситни парчиња. Увидувајќи дека не може да ја убеди да се потурчи и да стане негова жена, ја пратиле в затвор каде била сурово тепана и мачена. На крајот била обесена, а телото ѝ било исечено на парчиња. Многу убави и ...

Д-р Игор Јанев со правен лек за името

Зошто и како дојде до БЈРМ? Дискриминација на Македонија- Принудена да преговара за сопственото име и трпи штета- Дали треба да се преговара? Правно решение за укинување на ФИРОМ! ‘ Целиот процес треба да се прекине и да се бара советодавно мислење од Генералното собрание на ОН, дали преговорите и референцата ФИРОМ се легални‘ Се работи за тоа што Македонија при приемот побарала да се прими под Р. Македонија меѓутоа ОН се оглушил од таквото барање и постави Резолуција со ФИРОМ, внатре, (БЈРМ) и со тоа покажува дека не постоела можност таа да биде примена без таква референца, и со имплицитна обврска да се преговара со другата држава за сопственото име. Порано беше преседан во 1948 година, на 28 мај, кога судот донесе советодавно мислење според кое не смее да се поставуваат ниту смее да се гласа за дополнителни услови надвор од тие општи услови предвидени од членот 4 од повелбата на ОН . Тие општи услови се однесуваат на мир, подготвеност и капацитет за членството, и имаат многу општ кар...