АРИСТОТЕЛ ВО ПЕЛА

Пишува: Ванѓелко Лозаноски
Филип и Аристотел биле познаници пред Аристотел да е назначен за учител во Пела. Во кралскит двор се чувствувал како во неговиот роден дом, зашто татко му му бил лекар на кралот. Филип како крал, колку и да бил поплавен од раководење на државата, најдувал време да се сретне со Аристотел, од кого можел нешто да научи за политиката, водењето на државата, зашто дотогаш светот немал таков човек дар од науката.
И кралот македонски Филип и светскиот научник Аристотел имале големи идеали. Филип мислел да го освои светот, а Аристотел светот да го зголеми со низа науки. Нивните дискусии имале космички димензии. Филип помагал со средства за реформа на образованието во Македонија, а Аристотел го подготвувал својот тим за реформите да бидат успешни.
Архелај уште со преселбта на престолнината во Пела, во новата кралска престолнина се вселија учители, поети, уметници, културни дејци итн. Во таа културно - просветна кралска екипа беше македонскиот поет Аррибаиос, кој ги постави темелите на македонската поетска школа, која се надоврза на народното македонско поетско творештво. Филип располагаше со своја екипа од учители, културни дејци и уметници.
Аристотел во кралскиот двор најде образован кадар, којшто со негови подготовки беше солиден НАСТАВЕН КАДАР, кој може да го подигне образованието во главниот град на повисоко ниво за да се основа високата ШКОЛА- ПЕЛА.

Аристотел на школата Пела и дал нови размери на образовниот и воспитниот процес. А воедно ги проширил наставните предмети од општествеените и природните науки Филозофија, логика, зоологија, психологија, биологија, космологија, антропологија, етнологија, географија, картографија, астрономија, математика, аритметика, лингвистика, литературата, итн.
За ново воведените предмети требало да се напишат учебници, да се даде помошна литература, наставни средства и помагала. Аристотел за таа цел образувал тим од над 40 негови истакнати ученици. А со тек на времето, тие стануваат негови соработници: учители, препишувачи, преведувачи на книги, и воспитувачи. Во таа група имало вредни таленти кои упорно го следеле неговиот пат. Благодарение на неговите соработници, Аристотел успеал да продре во низа науки, да напише многу книги од кои светската наука со векови се напојувала. Да заклучиме дека: Аристотел твори заедно со неговите блиски соработници и творци над една деценија во школата Пела.
Пред походот за Азија и Африка, во библиотеките на Пела и во малото место Миези, во внатрешноста на Македонија, во градот Нимфеон, се преведуваа и препишуваа низа дела корисни за светската литература, медицина, култура и наука. Од Македонија патуваа заедно со фалангата патуваа заедно лекари, политичари, поети, архитекти, уметници, музичари, градежници, вајари, ликовни уметници, резбари итн. Се ширеше македонскиот јазик, писмо, култура и наука во новоосвоените земји. Се градеа мостови, населби и графови.

Од најдобрите наставници, културни дејци се основа РАКОВОДНО ТЕЛО на чело со Аристотел и Кралот Филип. Аристотел бил задолжен за наставно-воспитниот процес, организацијата на наставата, наставните предмети и дополнителните, додатни активности. А кралот за финансиите, да го следи текот на работата, да дава мислење за упешните и неуспешните професори, да наградува и казнува во консултација со Аристотел. По неколку години во оваа школа постепено за одговорен се назначи Александар, синот на Филип. Александар, воените вештини ги наследи од татко му Филип, а љубовта кон книгите и науката ги откри од Аристотел.

Водена од личностите со светски вредности, оваа Школа доби светски размери, во полето на науките. Школа од каде потекоа низа науки. Корен за сите школи во Македонија и светот, а Аристотел, "ТАТКО НА НАУКАТА". Аристотел ја поставил мрежата на школата. Таа имала неколку насоки за кадри за државни службеници, воени раководители, архитекти, лекари, уметници, учители, наставници, професори. Сите школи имале своја програма за нејзината зацртана цел.
 Аристотел добил пошироки овластувања и со својот раководен тим ја следел наставата во ШКОЛИТЕ кои биле надвор од главниот град. Покрај воената школа во Пела се отвориле и други воени школи во позначајни градови каде кралот Филип, а потоа Александар имале свои блиски, доверливи тимови.


Comments