Subscribe:

Labels

Saturday, January 4, 2014

СТАРЕЦОТ И СРЕЌАТА

Еден ден децата видоа еден старец како оди по улицата со голема корпа на рамената. Корпата беше преполна со ѕвезди.
Од време на време старецот земаше по еден грст од корпата и замавнуваше како да сее. Тогаш мноштво на светликави ѕвездички затреперувааа околу него како мали жарчиња на ветер.

- Што правиш? - го запрашаа радознало децата.

- Сејам среќа! - одговори старецот и мирно продолжи да си ја работи работата додека низ прстите му се сјаеја прекрасните ѕвездички кои ги гледаа веселите деца низ топли треперливи бои како оние на виножитото.

Опиени од оваа убавина децата веднаш потрчаа да ја фатат среќата, но залудно. И тие најбрзите и најснаодливите останаа со празни раце.
- Залудно е тоа што сакате да го направите, се потсмевна таинствено старецот.  Така никогаш нема да ја фатите.
- Зошто? - запрашаа зачудените деца.
Насмевнуваjќи се, старецот тивко им рече:
- Дури откако ќе научите да сеете радост и убавина околу себе, ќе можете да ја фатите, почувствувате и добиете среќата. 
Оној кој граби за себе, нема никогаш да ја фати среќата.

Цитати за среќата
Забораваме дека среќата не доаѓа како последица од добивање на нешто што го немаме, туку
како последица на препознавање и ценење на она што го имаме или што мислиме дека е вредно за нас.
Првото извинување е најхрабро. Првото простување е најсилно. Првиот што ќе заборави е најсреќен.
Среќата е онаму каде што човекот ја гледа.

Мacedonian timeline




No comments:

Post a Comment