Subscribe:

Labels

Thursday, March 10, 2016

Романот „ Единствена моја љубена ќе те пронајдам и на крајот од светот“ од Ване Лозаноски ги воoдушеви Кичевчани


Љубители на литература, култура и наука
„Свети Висарион “ Демир Хисар
со Н.У Центарот за култура, Кичево
организираа промоција на љубовниотт-психолошки и родољубив роман
„ Единствена моја љубена ќе те пронајдам
и на крајот од светот“ од Ване Лозаноски
на 09 март во просторите
на библиотеката
"Кочо рацин", Кичево

ОД ПРОМОЦИЈАТА НА РОМАНОТ "ЕДИНСТВЕНА ЉУБЕНА" НА ПРОФЕСОР ВАНЕ ЛОЗАНОСКИ
(извадок)
- Сакам сите Македонци низ светот да ги слушнат овие зборови кои ми извираат од срцето и протекуваат низ душата...
-Деца мои, кога зборувам душата ми се распарува, а срцево крвари. Македонија ја сочувавме од воени и авантуристички походи. Нашите претци и ние ја чувавме како зеница во окото, а вие младите сега бегате од неа, се раселувате низ светот без да помислите дека како Македонија нема никаде друга земја. И син ми замина, еве сака да оди и Сара, мојата најголема надеж.

Ох, Боже, што да направиме да им ја вратиме љубовта на младите кон Македонија?
Наместо да одат, треба да се враќаат со верба и љубов и да ја градат Македонија.

-Политичарите направија големи гревови. Но, со бегање од земјата не се решаваат проблемите, туку сѐ повеќе се зголемуваат. Идните генерации ќе ве осудат.

Промоцијата беше проследена со голем интерес меѓу присутните и со нескриено задоволство го наградија авторот со аплаузи и честитки.

New novel "My only beloved, i will find you at the end of the world" by Vangelko Lozanoski was launched today in Kicevo.
The book launch was a great success as the audience showed undisguised satisfaction and rewarded the author with cheers and congratulations.






Macedonian timeline
Macedoniantimeline.blogspot.com.au


No comments:

Post a Comment