Skip to main content

Posts

Showing posts with the label News

ЃОРЃИЈА – ЏОРЏ АТАНАСОСКИ - 74 ГОДИНИ БУРЕН ЖИВОТ И ГОЛЕМИ ДЕЛА

Госпосинот Џорџ (Ѓорѓија) Атанасоски е еден од најуспешните македонски бизнисмени во САД и во светот, за што е добитник на бројни награди, меѓу кои и на  највисокото американско општествено признание “Елис ајленд” Тој е личност за почит и пример од кој можат и треба да се огледаат и други Македонци во двете татковини, САД и Македонија. Нему му припаѓа заслуженото високо место во хиерархиската пирамида на луѓето кои имаат големи заслуги во иселеничката македонска сага и во градењето пријателски и бизнис мостови меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави.  Монографско дело „Ѓорѓија Џорџ Атанасоски“ на авторот Славе Николовски - Катин, кое има две изданија, во 2012 и 2015 година, со 470 и 500 страници, во издание на „Македонска искра“, Македонско сонце и ТВ Сонце, Скопје, а  е на македонски и на англиски јазик, е посветенo на доблесниот Македонец, истакнат хуманист, голем донатор, докажан бизнисмен, духовен-посветеник и горд припадник на својот библиски род и...

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН - ЖИВОТ И ДЕЛА“

Во издание на Книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје излезе од печат монографијата „Славе Катин – живот и дела“. Во неа на 290 страници на македонски и англиски јазик се дадени текстови за животот и постигнувањата на публицистичко и новинарско поле на Катин во период од 50 години,каде на едно место, како на дланка пред читателот се отвораат широки хоризонти за авторот и неговите 66 дела, Рецензенти на делото се Душан Ристевски-Македон од Австралија, д-р Лефтер Манче од Канада, Веле Митаноски од Македонија и Тодор Петров од Фондацијата „Д-р Лефтер Манче“, која е спонзор на оваа монографија. Во воведот под наслов „Иселеништвото – животна определба на Славе Катин“ авторот  Душан Ристевски-Македон, меѓу другото, пишува дека македонското иселеништво е алфа и омега во творештвото на Славе Катин. Се’ што напишал и објавил во неговите книги, патеписи, репортажи, прикази, белешки и други текстови е длабоко проникнато со животот и опстанокот на македонските иселеници ...

ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈАТА “ИСПОВЕД КОН МАЈКА МИ ЉУБА“ ОД ИВАН ТРПОСКИ ВО ОХРИД

       Во организација на Библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид, на 25-ти август оваа година се одржа промоција на монографијата  „Исповед кон мајка ми Љуба“ од познатиот автор Иван Трпоски од Сиднеј, Австралија. Делото е издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, а е отпечатено во печатницста „Ирис“ од Струга. Рецензент на оваа луксузна монографија е  проф. д-р Виолета Ачкоска, а преводот на англиски јазик го направи Ристо Стефов од Торонто. За ликот и животните постигнувања на Иван Трпоски зборуваше познатиот новинар и публицист Милчо Јовановски, кој, меѓу другото рече дека Иван Трпоски е познат општественик  и творец во Сиднеј,  кој повеќе децении активно е вклучен во повеќе македонски организации каде несебично работи за доброто на Македонците во метрополата на Нов Јужен Велс и пошироко Во богатата биографија на Иван Трповски се вели дека со поезија Трпоски е застапен во голем број зборници и дека е авто...

THE BIG DREAMS COME TRUE - SIME MLADENOVSKI

I wouldn't talk much about my career, let others talk. I've always been modest by nature, and maybe that's my virtue. I know what I want and it's written in me, and I'm working on it with my team. Our biggest dream is the Grammys and I hope we will do it soon, because we are working on an excellent film with excellent work, theme and script. My films it is always dedicated to our dear Macedonia. A big thank you to America, and of course to my crew who are working tirelessly on this film. The team that wins doesn't change, it just achieves the goal. This summer we had a lot of work in neighboring Albania and we are in contact with Ridme, Durs, and other places, we are working for an Albanian American film company on some projects that are very interesting and I would not reveal much about it. We have many projects with Serbia with very famous directors with Dejo, Milosevic, and others and we are already working on a feature film. It is a very interesting action t...

ПРЕМИЕРА НА ТЕАТАРСКАТА ПРОДУКЦИЈА БАБА БЕГАЛКА ВО СИДНЕЈ

Минатата недела на 3 ноември во театарот  St George Bank Auditorium  во Когра (предградие на Сиднеј), Австралиско македонскиот театар од Сиднеј со австралискиот хор  Georges River Voices  успешно на сцена ја постави двојазичната музичка комедија „Баба бегалка“ од драматургот  Душан Ристевски.  Режијата беше на  Душан Ристевски и Лара Мабеи,  а музички директор и аражманот на хорските песни беше на  Мари Ле Брун.   Македонската и австралјанската публика имаа можност да видат една квалитетна двојазична продукција: драма пропратена со традиционални македонски песни во хорска изведба. Не само квалитетот што беше на високо ниво туку и се види иноваторството кое се одвиваше на сцената како сплет на некоја добра орска кореографија. Преку комичните сцени, авторот успеа не само да не насмее туку и да ни пренесе некои важни пораки од животот на сите тие што се наоѓаа на сцена (на луѓето од одминатите години) преку изведбата, дијалогот и нара...

НАЈГОЛЕМ МАКЕДОНСКИ ФЕСТИВАЛ НА ХРАНА ВО АВСТРАЛИЈА

И по осум години, првиот македонски фестивал на храната со нетрпение се очекува и пробудува се поголем интерес не само кај Македонците туку и другите нации во Австралија кои секогаш со задоволство ги посетуваат штандовите со вкусни македонски јадења. На едно место се собираат илјадници посетители кои се обземени од убавото чувство дека на еден убав начин се прославува македонската култура, традиција и фолклор. Оваа година ќе има голем избор на македонски традиционални јадења, па посетителите ќе имаат можност да уживаат во вкусот на: тавче гравче, сарма, бурек, мекици , индијанки, еклери, тулумби и други специјалитети препознатливи за Македонците од сите краеви на Македонија.

ОБЈАВЕНИ НАГРАДИТЕ ОД ТРАДИЦИОНАЛНИОТ КОНКУРС ПРЛИЧЕВА НАГРАДА 2016

                                                                    15 февруари 2017  Минатиот Понеделник, Жири комисијата во состав на Силвана Трајковска (претседател), Мери Петковска и Бојана Ристевска-Јанкуловска ја донесе својата одлука за прогласување на најдобрите дела од традиционалниот награден конкурс за Прличева награда за 2016 година во организација на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“. За сите категории на конкурсот пристигнаа 49 дела од кои се избраа следните дела како најдобри на кои ќе им се доделат награди: Најдобра поетска творба на годината за возрасни: 1- ва награда: Маѓепсан круг , шифра „Отфрлени“, од Перо Да...

ПОДВИЖНА КУЌА

Дизајнери во Естонија измислија функционална куќа што всушност може да спакувате и да ја понесете со вас каде и да одите. Куќата е наречена Кода, со 23 квадратни метри а вклучува една спална соба, дневна соба, кујна, купатило, тераса и скали кои водат на горниот спрат. Таа има приклучоци за вода, струја и канализација и е дизајнирана да создава и да ја зачува своја енергија за кога ќе се користи во оддалечените области.

ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ ПРИЧИНА ЗА 6 МИЛИОНИ СМРТНИ СЛУЧАИ

Девет од 10 луѓе во светот дишат загаден воздух. Тоа е причината за 6 милиони смртни случаи годишно. Светската здравствена организација предупредува на оваа појава и повикува на итна акција против загадувањето. Посиромашните земји имаат понечист воздух и повеќе смртни случаи. Југоисточна Азија и регионот на Западен Пацифик се најтешко погодени. Извештајот е направен врз база на истражување во 3000 градови во разни земји од светот. Macedonian timeline

НАЈСКАПАТА ПАЛАТА ВО МЕЛБУРН

Раскошната палата во мелбурнската населба Toorak стана најскапата куќа што некогаш била продадена во Мелбурн. Палатата има 18 соби од кои 7 се спални соби, седум бањи, три кујни, трпезарија за 20 лица, соба за деловни состаноци, посебна канцеларија и формални соби за одмор. Нејзините огромни градини се дизајнирани од страна на Пол Бангај а палатата содржи и бања и базен кој сам се чисти. Палатата е продадена за само 22 дена откако е ставена реклама за продажба и тоа за рекордни 26 милиони долари. Macedonian timeline

ЛИТЕРАТУРНОТО ДРУШТВО “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ГО ОДБЕЛЕЖА ЈУБИЛЕЈОТ НА РЕПУБЛИКАТА

Во Сиднеј Прличевци го одбележаа 25 - годишниот јубилеј на Македонија По повод 25 годишницата од независноста на Република Македонија, Литературното друштво „Григор Прличев“ на 9 септември организира средба со членовите при што со поезија посветена на независноста на Република Македонија се преставија поетите: Иван Трпоски, Перо Дамчевски-Коцин, Лилјана Тошеска, Душан Ристевски и Жаклина Михајлова. Исто така се организира и коктел по повод доделувањето на истакнатиот општественик и писател Иван Трпоски на Медал за заслуга за Македонија од претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов. Иста така Иван за време неговата посета во македонија доби признанија и благодарници за неговата макотрпна работа во промовирање на македонската култура од Агенцијата за иселеништво, Општината Охрид и Месната заедница на Волино.   Душан Ристевски

ТОДОР ПЕТРОВ ЈА ПОЗДРАВУВА МАНИФЕСТАЦИЈАТА “ПОЕТСКО ЕХО“

Уште една успешно одржана манифестацијата Поетско ехо на 27 август во дворот на Манастирот Пресвета Богородица, Суводол, Кутретино. Поетско настапување беше означено со црковните ѕвона на Манастирот Света Богородица и пламенот на запалените свеќи во чест и со љубов кон Пресвета Богородица и нејзината вечна светлина како Мајка на сите Мајки.   Поздравно писмо од Г-дин. Тодор Петров ДО ЉУБИТЕЛИ НА ЛИТЕРАТУРА, КУЛТУРА И НАУКА „СВЕТИ ВИСАРИОН “-ЗА МАНИФЕСТАЦИЈАТА МАНАСТИРСКО ПОЕТСКО ЕХО Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки, почитувани следбеници на пишаниот збор, Во името на Светскиот Македонски Конгрес, како неформален светски парламент на Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет, во пресрет на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, чест ми е да ги поздравам учесниците на Третата традиционална поетска манифестација “Манастирско поетско ехо - Демир Хисар 2016“. Благодарност за организацијата и поканата до Здружението љубители н...

WEB СЛАВИ 25 ГОДИНИ

WWW (world wide web) светската мрежа прославува 25 години од своето прво појавување во јавноста. Британскиот научник Sir Tim Barners - Lee го измисли интернетот работејќи во лабораторијата во 1989 година. Првиот сервер беше пуштен во употреба две години подоцна на 6 август 1991 година. Господинот Барнерс - Ли, го стори тоа со цел да се задоволат потребите на размена на информации помеѓу физичарите. Едноставноста на употреба на веб мрежата значеше вистински бум и масовно почна да се користи. Macedonian timeline

СЈАЈОТ НА ТРАДИЦИОНАЛНАТА ПЕСНА СО АНСАМБЛОТ АЊА И ЗЛАТНА

Има многу видови музика и секој си го избира оној вид кој најмногу му лежи на срце. Во денешно време се повеќе е зачестена појавата да странски музичари ја користат старата традиционална музика од Македонија, Србија, Бугарија, Босна во малку поинаков вид. Уникатните звуци како спој на флејта, гитара, хармоника, контрабас во престижниот Melbourne Recital Centre, и прекрасните синхронизирани гласови на Ања Акер и Кирсти Морфет беа како најубава нежна музичка приказна. Тие пееја песни од Србија, Босна, Бугарија, Русија и Македонија. Од македонските беа испеани Зајди Зајди, Стамена, Мајко ќе одам јабана. Ансамблот формиран во 2013 година со цел да ја промовира убавата музика од Балканот, навистина ја остварува целта. Токму нивната уникатност во изведбите не ги оставаат  рамнодушни ни најпребирливите во музиката. Привлечни се за сите нации, сите возрасти и овозможуваат да живее традиционалната музика  и во рамките на австралиското мултикултурно општество.  Досега ансамб...

УСПЕШЕН КОНЦЕРТ "ХАРМОНИКИТЕ" ОДРЖАН ВО БИТОЛА

На 20.07.2016 година во Магазата, во Битола се одржа Концертот,   Хармониките. Организатори на Концертот се Здружението Непокор и Савевски Продукција . Оваа година Концертот по четврти пат се одржа, а на него учествуваа врвните виртуози на хармониката:  Маестро Милан Завков, Кирил Стојчевски, Мишел Трајковски и Димитар Митровски. Придружуваа музичарите Златко Петровски, Трајче Ивановски и Ратко Крапчев. Публиката во Магазата и околу Магазата уживаше во прекрасната изведба на виртуозите на хармониката.

ФОТОГРАФИЈАТА ДЕНЕС

Колку фотографии се потребни од секојдневното излегување на прошетка во продавници, ресторани, свечености, патувања или себеси?   Очигледно е дека на секој чекор и секои десет минути, луѓето фотографираат. Од ексесивното фотографирање човекот ја губи способноста да ги доживува настаните околу себе и способноста да се наврати на нив и самиот. 

НАСИЛСТВО ВО ДЕТСКИТЕ ВИДЕО ИГРИ

Околу 90 отсто од американски деца на возраст од 8 до 16 играат видео игри, и тие трошат околу 13 часа неделно на игри . Најновата студија смета дека виртуелно то насилство во овие игри може да ги натера младите да бидат поагресивни во реалниот живот.  Сето тоа е затоа што децата во игрите имаат за цел да убиваат луѓе. Деца и во САД и Јапонија, кои се изјасниле дека игр а а т многу насилни видео-игри имале повеќе агресивно однесување неколку месеци подоцна, отколку нивните врсници кои не се . Многу студии поврзани со насилство во ТВ емисии и видео игри, придонесуваат за насилно однесување. И покрај обидите некои држави да ги забранат за деца испод 18 години, нивните барања завршуваат без успех.

ММД "НИКОЛА КАРЕВ" СО НОВА ИГРАОРНА ГРУПА

Македонското младинско Културно Уметничко Друштво “ Никола Карев ” отвора нова играорна група за деца кои сакаат да го изучуваат македонскиот фолклор. Со новата група ќе се започне во вторник на 9-ти август и среда на 10 – ти август. Пробите ќе се одржуваат во Parkwood Green Community Centre   на   88 Catherine dve, во   Hillside . За повеќе информации, сите заинтересирани да се јават кај претседателот на друштвото Аце Петровски на мобилен 0417128641 или Мери на мобилен 0407100907. Со почит: Од управата на ММД “Никола Карев“

ПОВЕЌЕ УМЕТНОСТ, ПОМАЛКУ ЗВУЧНА МУЗИКА НА УЛИЦИТЕ ВО МЕЛБУРН

Уличните изведби се честа практика во сите градови во светот и датира уште од антика. Тие изведби најчесто се во вид на акробации, трикови, карикатури, исмејување, комедија, танцување, пеење, вештини со оган, циркус, претскажување, жонглирање, магија, мимика, живи статуи, музички перформанси, улична уметност и многу други. Во Мелбурн најчесто се заприметуваат музичари, живи статуи и уметници кои сликаат или цртаат на самата улица. Градоначалникот на Мелбурн, Роберт Дојл ( Robert Doyle) е против силната звучна музика и живите статуи на улиците низ градот кои ги плашат децата. Тој смета дека треба да има повеќе уметност, цртање и интересни изведби со цел да се задржи вниманието на туристите.

24 ЧАСА, SUPERCARE АПТЕКИ

Како дел од ветената иницијатива од $ 28,7 милиони на премиерот на Викторија,  Даниел Ендрјус , до крајот на 2018 година се отвораат 20 Supercare аптеки низ Викторија. Четири мелбурнски предградија ќе имаат аптеки, отворени 24 часа за полесно набавување со лекови и стручни совети. Supercare аптеки ќе се отворат во: Ascot Vale Pharmacy, Amcal Pharmacy, Craigieburn, Pharmacy @ Knox, Wantirna South, и  Carnovale pharmacy во Yarraville.