ПОВЕЌЕ УМЕТНОСТ, ПОМАЛКУ ЗВУЧНА МУЗИКА НА УЛИЦИТЕ ВО МЕЛБУРН

Уличните изведби се честа практика во сите градови во светот и датира уште од антика. Тие изведби најчесто се во вид на акробации, трикови, карикатури, исмејување, комедија, танцување, пеење, вештини со оган, циркус, претскажување, жонглирање, магија, мимика, живи статуи, музички перформанси, улична уметност и многу други. Во Мелбурн најчесто се заприметуваат музичари, живи статуи и уметници кои сликаат или цртаат на самата улица.
Градоначалникот на Мелбурн, Роберт Дојл (Robert Doyle) е против силната звучна музика и живите статуи на улиците низ градот кои ги плашат децата. Тој смета дека треба да има повеќе уметност, цртање и интересни изведби со цел да се задржи вниманието на туристите.
Од 2000 дозволи за улични изведби, 42 биле одбиени со цел да се одржи рамнотежа и стандард во изведбите. Годишната апликација кошта $20 и $10 годината што следува. Оние што продаваат оригинални производи или цедиња, плаќаат $50 годишно. За да се здобијат со дозвола да настапуваат по улиците, се одржуваат аудиции секоја втора недела а на секоја сесија учествуваат по 30 апликанти. Дозволата за настап може да им се одземе доколку покажат агресивно, навредувачко однесување кон минувачите, сопствениците на продавници и возачите.
Најдобрите улични забавувачи заработуваат и по $50.000 годишно. 

Macedonian Timeline

Comments