Subscribe:

Labels

Tuesday, May 23, 2017

ДОЈДОВ

Автор: Живко Деспотоски
Дојдов ненајавено
да си ја видам
сенката,
да и плукнам в лице
да ја обезличам,
во провалија
да ја втурнам.
Да и кажам
оти и е грдо лицето
да и се изнавикам,
и да си поплачам
на гробот
од дедојната,
од мајкојната.
Дојдов
да ги слушам
тропотите
на копитата
на изнемоштените
доодени коњи.

Од болештини
талкаат по доловите,
по ридјето,
по змискиот камењар,
дека нема кој да ги
прибери
во гробјето
за починка и вечен мир.
Дојдов
не оти сакав да дојдам
ама,ете,сè една мисла
ме тишти,умот ми го дроби,
ах,тие камења
тие белутраци воденички,
шибаат во мене,
та нели сум корен
окоренет покрај река,
без да сетам
во пепел сум се сторил.
Дојдов
оддалеку ти ме викаш
чекорам врз твојата
каменита снага,
ги заклучувам катанците
на црвосана ограда,
од висини погледот
го капам во бистрите води
Горноречки.
Дојдов
да си поприкажеме
колку ни' била тешка
самотијата
среде оваа недогледна
пустелија од ѕверови
молњи,врисоци
мајкини,таткови,дедови,
та плачот клетва ни' бил,
за одродот од грутка земја
родница.
Тука сме,да се исплачеме
колку нè глас држи,
во самрак опиени
при душа,без душа сме,
под трошни стреи
душите вечен помен
скротиле,
во зародиш чедата,
ќе истурат чаша вино,
пченица,догорена свеќа,
на коските в пеплишта
гламносани.
Живко Деспотоски
2017

Macedonian timeline

No comments:

Post a Comment