ЖЕЛБА


Кога ќе пораснам сакам
Да патувам по светот
Сакам да се запознаам со многу луѓе,
Да раскажуваме приказни
Да читаме на јазици разни
Да учиме едни за други
Да шириме пораки за мир во светот.

Кога ќе пораснам и пропатувам светот
Ќе свратам и во една земја
Македонија што се вика
Е таму велат многу интересно било
Градови и села имало многу
Планини убави, езера мирни
Земја на херои, легенди стари
Ајде да пропатуваме заедно сите!
Така брзо ќе ни минат дните

Автор: Гордана Димовска

Macedonian timeline

Comments