Животот нема да ти понуди совршен пат, Напротив ти дава товар. И прашува дали ќе останеш да градиш Или ќе одиш по другиот, лесен пат. Мислиш дека си избрал најдобар пат По време увидуваш дека си згрешил. И пак одиш избираш друг со помалку грижи и болка, и нова надеж. Но, мостовите се градат од раце кои се вредни Од раце кои се обидуваат. Од срца полни со љубов и мудрост. Тие го премостуваат јазот, ја ублажуваат болката, Тие ја претвораат твојата загуба во твоја добивка. Затоа гради со елан, надеж, храброст Иднината се потпира на мостот што го градиш. И секој чекор по него Покажува кој си и колку можеш.
МАКЕДОНСКИ ВРЕМЕПЛОВ