Subscribe:

Labels

Wednesday, March 14, 2018

ОГНЕНО СОНЦЕ

Гледам народ.
Гледам очи блескаат,
душата огледало
надеж, љубов
во боите на огнот.
Пркосат на канџите.
Орли, јастреби, мршојадци,
клукаат ли клукаат
да ја испијат последнатата надеж, љубов.
Растргани мисли.
Крик од внатре се буди
Не! Не ми ја земајте љубовта.
Не! Не ми ја земајте надежта.
Не! Не ми ја земајте верата.
Гледам замолчани силуети
силуети во боите на војна.
Пушки натежнале.
Гледам безлични
со скаменет поглед.
Тука до нас.
Стојат мирно.
Чекаат ...а немирот се гледа
во безличноста.
Чувствувам борба, внатре
длабоко во рајот на душата.
Прашуваат.
Зошто сме ние тука?

Тука пред своите.
Брат, сестра, мајка, татко,
можеби и син и ќерка!
Чекаат наредба.
Ѓаволот господар.
Убиј ги!
Брат ти!
Сестра ти!
Мајка ти!
Татко ти!
Дури и своето чедо.
Жарот распламтен.
Огнот не згаснува.
Љубовта разгорува.
Надежта пламнува.
Гледам ѕуница.
Гледам Сонцето сјае.
Огнени бои прелеваат.
Рајскиот кавал миросан.
Звукот на вечноста.
Македонија вечна.

Aвтор: Калина Петровска 
2018 година
Macedonian timeline

No comments:

Post a Comment