Subscribe:

Labels

Saturday, February 2, 2019

ЈАС СУМ МАКЕДОНКА


 Автор: Живко Деспотоски
Кога ќе видиш детски насолзени очи
и силно го стега на гради своето име,
знај дека тоа дете еден ден со чест
ќе го изговара, и додека стои на студот,
во мислите му е напишано
јас сум Македонка.

Кога ќе слушнеш момински песни
и ора под сино небо кај се вијат,
не криј ја радоста, речи им на тие
до тебе што стојат,
венец од ора да сплетат
и нека течат солзи радосници,
оставиги нека потни снаги
и румени лица да мијат,
и да се срамиш, да не сакаш да речеш

во себе си го слушаш своето име
јас сум Македонка.

Танец од китни моми во невестинска руба
на ден Ѓурѓовден пред својата татковина,
насмеани во строј по ред милно си пеат
и секој кој застана ги виде,
и на оро до нив заигра
за појаси се фати,
и рече со поклон пред нивната убост
да, ти си Македонка.


Автор: Живко Деспотоски

Macedonian timeline

1 comment:

Unknown said...

Преубава родољубива песна, напишана со љубов и фолклорни мотиви кои ја одсликуваат убавината на традиционалната Македонка.

Post a Comment